Connect with us

Останато

ТРИФУН КОСТОВСКИ: Имавме потенцијален инвеститор што сакаше да ја преземе банката, но Народна банка не дозволи…

Објавено

на

На денешната прес конференција бизнисменот Трифун Костовски со неговиот син Коста ја обвинија Народната банка и потесното раководство на Управниот одбор на банката за нејзиното пропаѓање.

„Ова е смислено сценарио правено со месеци наназад, но не знам точно кој стои зад ова”, рече бизнисменот Трифун Костовски, на денешната прес конференција, по повод одлуката на Народната банка да и ја одземе дозволата за работа на неговата Еуростандард банка.

„Народната банка со бирократско однесување и нетолерантност спрема можните потенцијални инвеститори на Еуростандард банка, комплетно ги маргинализираше. Имавме потенцијален партнер којшто потроши околу 100 илјади евра за да направи длабинско снимање на процесите и функционирањето на банката со цел нејзино преземање.

Нажалост, Народната банка не одвои ниту 5 минути време за да му даде шанса на тој инвеститор да допатува во земјава и да се започнат преговори. Тој инвеститор и да вложи пари, доколку не ја добие лиценцата за работа од Народната банка, тоа за него ќе претставува губење на драгоцено време и пари.” – изјави Трифун Костовски.

Останато

Туристичките агенции во колапс, се придружуваат на протестот на угостителите

Објавено

на

Секторот туризам е еден од најпогодените сектори во периодот на пандемијата, за нашите државјани се затворени границите на речиси сите европските држави, а поради рестриктивните мерки на движење во другите држави, нема ниту странски туристи. Дополнително и капацитетите на објектите од овој сектор беа под извесни рестриктивни мерки не можејќи и да сакаат да ја извршуваат својата дејност. Големиот број на заболени граѓани, немањето вакцини, намалената платежна моќ на граѓаните го става туризмот и патувањето како последна точка на интерес. Приход во изминатите 13 месеци е со паднат од 85% до 100%, додека нашите трошоци се уште се акумулираат, потенцираат од Туристичко-угостителската комора. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Календар на даночна регулатива – нова алатка на МФ за зголемена транспарентност и предвидливост во бизнис-околината

Објавено

на

Министерството за финансии на својата веб-страна го објави Календарот на даночна регулатива – нова алатка за транспарентност и поголема предвидливост на бизнис климата во земјава, информираат од Министерството за финансии. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Агенцијата за претприемништво објави оглас за менторство за мали и средни претпријатија

Објавено

на

Агенцијата за поддршка на претприемништво објави јавен повик за спроведување на стандардизирани менторски услуги за мали и средни претпријатија, кој ќе биде отворен до 29 април годинава. (more…)

Продолжи со читање




Популарно