Connect with us

Лични финансии

Трите клучни работи во преговорите

Објавено

на

Без сомнение најдобрите лидери умеат да преговараат и го даваат најдоброто од себе, кога им е најтешко. Некои имаат проблеми со подредените, други со луѓе врз кои немаат власт – членови на комисии, одбори, шефови во компанијата.

Добрите лидери умеат да победат дури во невозможни ситуации, бидејќи ги владеат до совршенство овие три важни работи:

 

1. Управуваат врз основа на интересите

 

Луѓето ги следат своите лидери, кога ќе одлучат дека тоа е во нивен интерес. Како што најдобрите преговарачи се фокусираат на интересите на другата страна, така квалитетните менаџери се обидуваат да ги разберат и задоволат интересите на вработените. Тоа е најдиректен пат да ги постигнат своите цели.

 

2. Континуирано разговараат и убедуваат

 

Комуникацијата е основа на ефикасно управување. Замислете дека сте извршен директор и треба да го убедите одборот да го поддржи стекнувањето на друга компанија. Што би се случило ако им пратите на членовите на одборот детален опис на трансакцијата? Покажувате дека не придавате големо значење на нивното мислење. Наместо тоа се среќавате со секој од нив и му објаснувате колку е важно стекнувањето. Така ја нагласувате важноста на секој и на неговата поддршка. Покрај тоа разбирате какви се грижите, ги наоѓате потребните аргументи и на крајот успевате.

 

3. Го објаснуваат своето видување за иднината

 

Распространето мислење за менаџментот е дека визијата доаѓа од извршниот директор. Тоа сепак не е секогаш така. Луѓето имаат различно мислење за тоа каква е организацијата и каква треба да биде. Предизвикот да управуваш група на луѓе е да воведеш заедничка визија меѓу мноштвото мислења. Слично на вештиот дипломат, менаџерот бара поддршка од неговите подредени, гради единствена визија, зад која стојат сите.

Лични финансии

Големите лидери никогаш не ги прават овие пет грешки

Објавено

на

Пред да одлучите да ја прифатите лидерската улога, размислете двапати за тоа дали навистина го сакате тоа. Дали навистина имате став и емоционална интелигенција да ги водите луѓето и да успеете со нив? (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Неколку вистини за парите и инвестирањето што треба да ги знаете

Објавено

на

Многумина од нас се надеваат дека ќе станат многу богати. Повеќето сакаат да постигнат одредено ниво на финансиска слобода и мир, без да стравуваат од помислата дека ќе немаат да ги платат сопствените сметки. Но, за постигнување на тоа ниво, исто така, е потребно одредено ниво на финансиско знаење кое многумина немаат, велат експертите. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

5 работи кои ви ја уништуваат кариерата

Објавено

на

Напорно работите, но за жал никој не го забележува тоа? Ќе мора да го свртите листот и да ги измените некои аспекти од работењето. Според мислењето на експертите, постојат пет битни причини поради кои не сте доволно почитувани на работното место поради што кариерата може да ви тргне во надолна линија. (more…)

Продолжи со читање



Популарно