Connect with us

Осигурување

Триглав Oсигурување Живот дел од традиционалниот словенечко-македонски појадок организиран од Амбасадата на Словенија

Објавено

на

По повод одбележувањето на три децении од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Северна Македонија и Словенија, Амбасадата на Словенија предводена од Амбасадорот Н.Е. Милан Предан, организираше традиционален словенечко-македонски појадок, кој настанот беше поддржан и од Триглав Oсигурување Живот, а беа доделени пригодни подароци за најдобрите ученици од ОУ “Крсте Петков Мисирков”.

„Ни претставува особена чест што сме дел од овој настан во организација на Словенечката Амбасада на кој уште еднаш ја потврдивме нашата определба да дадеме поддршка на проекти поврзани со најмладите и зголемување на свесноста за нивното здравје и воопшто за здрав начин на живот кај најмладата генерација. Со овој скромен гест сакаме да порачаме дека Триглав Живот е верен партнер на сите генерации”изјави Вилма Учета Дузлевска, Генерална Директорка на Триглав осигурување Живот ад Скопје.

Осигурување

Вложувањата во осигурување пораснаа 19%, надминаа 48 милиони евра за три месеци

Објавено

на

Приватното здравствено осигурување и понатаму е најпопуларно доброволно осигурување со раст на продажбата од 63 отсто. Вложувањата во осигурување имот достигнаа 10 милиони евра за три месеци, а солидни растови има кај патничкото осигурување и кај каско осигурувањето на моторни возила. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Над 305.000 граѓани имаат животно осигурување, вложиле 37 милиони евра

Објавено

на

Вложувањата во осигурување живот пораснале за 14 отсто во 2022 година, а најголемо учество во нив имаат инвестициите во животно осигурување со штедна компонента кои изнесуваат 20,1 милиони евра. Истовремено вкупните исплати на осигурителите кон осигурениците пораснале за 18,5 отсто, изнесуваат 14,5 милиони евра и вклучуваат: доживување, прекин на осигурување или смрт на осигуреник. Петте друштва за осигурување живот се солидно капитализирани и минатата година ја завршија со вкупна актива вредна 187 милиони евра. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Триглав Осигурување Живот и Комерцијална банка со уникатна можност за обезбедување на корисниците на кредит при несакани животни ситуации

Објавено

на

Секој од нас има желби и соништа и тежнее кон тоа да си дозволи убави нешта за себе и за најблиските. Но, можеби овој момент не е најповолен за остварување на замислите или, пак, сме скептични да направиме нешто повеќе, стравувајќи за личната и иднината на своето семејство. (more…)

Продолжи со читање

Популарно