Компании
Триглав oсигурување Живот АД Скопје одбележа 5 години постоење на македонскиот пазар

Триглав oсигурување живот АД Скопје во присуство на бројни гости од земјава и странство, соработници и партнери кои изминатите години ја дадоа својата доверба и поддршка, го одбележа својот петгодишен јубилеј на успешно делување на македонскиот пазар за осигурување. Компанијата е основана како најмладо друштво за животно осигурување на пазарот за осигурување во 2017 година, со одлука за директна инвестиција во ново друштво и е во доминантна сопственост на групацијата Заваровалница Триглав.
„Горди сме што изминаа пет години постоење на компанијата која е составен дел на групацијата Триглав која има водечка позиција на пазарот на осигурување во Република Северна Македонија. Групацијата Триглав е основана во Словенија и постои повеќе од 120 години и е најголема осигурително – финансиска групација на пазарот во Адриа регионот и една од водечките во Југоисточна Европа. Нашата мисија и визија е секако насочена кон барањата на клиентите и обезбедување на нивна заштита и сигурност. Констатираме дека стратегијата за развој даде одлични резултати и за овој кус период на делување некогаш најмладата компанија за животно осигурување успешно чекори рамо до рамо со останатите осигурителни друштва. Динамичниот раст на Триглав осигурување живот е забележан во сите сегменти на работењето како резултат на основното начело, континуиран фокус кон барањата на клиентите и градење на меѓусебната доверба“, изјави во оваа прилика Урош Иванц, член на управата на Заваровалница Триглав.
Компанијата во изминатите пет години забележа органски раст и развој, а оваа година се позиционираше на пазарот за животно осигурување со 17,5% удел и најголем раст на премијата за осигурување и број на склучени полиси. Клучни фактори за развој на компанијата се посветеноста кон градење на исклучително корисничко искуство и единствена понуда на производи кои се конзистентни на барањата на клиентите и нивните потреби. Компанијата во своето работење се потпира на долгогодишното кумулирано знаење и искуство на матицата, со локално прилагодување на сите аспекти од корпоративното управување, кои ја издигнаа на ниво на компанија во која македонските граѓани препознаа стабилен, сигурен и посакуван партнер при донесување на одлуката за животно осигурување.
„Задоволни сме од постигнатите резултатити во првите пет години од работење на компанијата. Влеговме на пазарот со силна експертиза, докажан бренд и јасна визија за развој. Создадовме партнерства во финансискиот сектор кои нѐ направија лидер во банкоосигурувањето на македонскиот осигурителен пазар. Отворивме нови поглавја со соработки кои досега не беа видени во доменот на животно осигурување. Остварените динамични растови од година во година се пред сѐ резултат на големата професионалност на тимот, но и на довербата која ја добивме од нашите клиенти. Тоа ни дава за право да заклучиме дека добро сме сработиле до сега, но и не обврзува да бидеме уште подобри во годините што следат“, изјави во оваа прилика Вилма Учета Дузлевска, генерална директорка на Триглав осигурување живот АД Скопје.
Компании
Оглас за вработување во Штедилница Можности

Градете ја својата кариера и развивајте се како професионалец во примената на ИТ технологиите во областа на финансии и банкарство со Штедилница Можности. (more…)
Компании
Алкалоид АД Скопје – најпосакувана македонска компанија за вработување во 2022 година

Компанијата „Алкалоид АД Скопје“ е најатрактивен работодавец, односно најпосакувана македонска компанија за работа за 2022 година, според анкетата спроведена од веб-порталот на Агенцијата за посредување при вработување „Вработување.ком“. На јавното анкетно истражување спроведено во периодот од 26.5.2022 до 19.6.2022 година дури 41% од вкупно 1.468 испитаници одговориле дека би сакале да работат во “Алкалоид“. (more…)
Компании
Македонски Телеком продолжува со раст и фокус на инвестиции во новите технологии во првите три месеци на 2023 година

Во првиот квартал на 2023 година, Македонски Телеком продолжи со стабилен раст во сите сегменти, фокус на новите технологии и зголемување на бројот на корисници во сите сегмени. Приходите од продажбата се зголемени за 3,7 проценти во споредба со претходната година и изнесуваат 2,9 милијарди денари. (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје