Connect with us

Осигурување

Триглав ќе исплати 56,8 милиони евра дивиденда, односно по 2,50 евра бруто по акција

Објавено

на

На 43-тото Собрание на акционери на Заваровалница Триглав, акционерите го поддржаа предлогот на Управата и Надзорниот одбор, дел од билансната добивка во висина од 56,8 милиони евра да се намени за дивиденда, односно 2,50 евра бруто по акција. Собранието на акционери запознато со годинишниот извештај за 2017 година, даде одобрување на работата на Надзорниот одбор и на Управата на друштвото за деловната 2017 година.

За дивиденда одредениот е дел во висина од 56,8 милиони евра, претставува 82% од консолидираната чиста добивка на Групацијата Триглав за 2017 година.

Успешно работење на Групацијата Триглав во 2017 година

Управата и Надзорниот одбор на Заваровалница Триглав ги запознаа акционерите со Годишниот извештај на Групацијата Триглав и Заваровалница Триглав за деловната 2017 година. Во согласност со стратешките насоки Групацијата успешно ја зачува финансиската стабилност, високата адекватност на капиталот, профитабилноста на работењето и кредитните рејтинзи »A«.

Доследни по патот на стратешките насочувања

Собранието на акционери даде одобрување на работењето на Управата и Надзорниот одбор на Заваровалница Триглав за деловната 2017 година. Андреј Слапар, претседател на управата на Заваровалница Триглав, изјави: “Им благодарам на акционерите на искажаната доверба. Работењето на Групацијата Триглав во изминатата година беше добро и во согласност со стратегијата, и врз тој основ, земајќи ги во обѕир критериумите на обновената политика на управување со капиталот, друштвото и оваа година ќе исплати атрактивна дивиденда. Задоволни сме со тримесечните резултати за оваа година и продолжуваме со успешно работење и развој на Групацијата Триглав во современа, иновативна и динамичка осигурително-финансиска групација, која цврсто останува на водечката позиција во Словенија и пошироко во регионот.“

Осигурување

Бенефиции од вештачката интелигенција во осигурувањето

Објавено

на

Илјадници тврдења, барања на купувачи и големи количини на разновидни податоци ја прават индустријата за осигурување најдобар пример за вештачка интелигенција и когнитивни технологии. Една неодамнешна студија од Tata Consultancy Services објави дека осигурителниот сектор инвестираше 124 милиони долари во AI, во споредба со просекот од 70 милиони долари инвестирани од други индустрии. Од услугата на купувачи до обработката на побарувањата, AI често се наведува како нарушување на сила во осигурителниот сектор. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Оглас за вработување во Сава Осигурување!

Објавено

на

Сава осигурување а.д. Скопје отвора позиции за енергични, комуникативни лица кои се подготвени да научат нови вештини во професионална и мотивирачка средина за работа.

(more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Триглав Осигурување советува: Безбедност во зима!

Објавено

на

Зимата е омиленото годишно време на многумина. Но, покрај многу возбуда, зимата ни носи и голем број незгоди. Прочитајте кои се основните превентивни мерки што треба да ги преземете, зимата да ја поминете без грижи. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange