Connect with us

Осигурување

Заваровалница Триглав ќе го прифати повикот на АСО и ќе предложи акумулираната добивка од 2019 година да остане нераспределена

Објавено

на

Агенцијата за супервизија на осигурување (AZN) на ден 31.03.2020 година испрати повик до осигурителните компании, во којшто препорачува, до 01.10. 2020 година да не се исплатуваат дивиденди од акумулираната добивка и да не се преземаат неотповикливи обврски за исплати на дивиденди. Согласно повикот, Управата и Надзорниот одбор на Заваровалница Триглав на редовната годишна седница на Собранието на акционери на Заваровалница Триглав, ќе дадат предлог, акумулираната добивка со состојба од ден 31.12.2019 година, која што изнесува 60.543.475 евра, да остане нераспределена.

Заваровалница Триглав не ја менува својата политиката за дивиденди, која што на балансиран начин обезбедува финансиска стабилност на Групацијата Триглав, со спроведувањето на нејзината стратегија за раст и развој, како и исплата на атрактивни дивиденди на своите акционери. Но, го разбираме повикот од страна на регулаторот, којшто се грижи за финансиската стабилност на словенечкиот сектор на осигурување, особено сега, во услови на голема неизвесност поради ширење на пандемијата. Нивната препорака е во согласност со препораките и мерките на европските регулатори, односно органи (EIOPA и IAIS) за обезбедување на солвентност и адекватност на капиталот на осигурителните компании на подрачјето на Европската Унија.

Осигурување

Приливи од над 18 милиони денари во пензиските фондови Сава пензиски фонд и Сава пензија плус

Објавено

на

Сава пензиско друштво а.д. Скопје инвестирајќи ги пензиските заштеди на членовите акумулирани во пензиските фондови Сава пензиски фонд и Сава пензија плус, остварува приливи по основ на камати и дивиденди во пензиските фондови. На овој начин расте вредноста на пензиските заштеди и се обезбедува соодветна пензија за членовите. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Кроациа Oсигурување – Неживот А.Д. Скопје го имплементираше системот за квалитет согласно ИСО стандардот

Објавено

на

Кроациа Oсигурување – Неживот А.Д. Скопје – друштво за неживотно осигурување го имплементираше системот за квалитет согласно стандардот ИСО 9001:2015. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Генералната дирекција на Халк Осигурување отсега на нова локација

Објавено

на

Халк Осигурување, како компанија која континуирано инвестира во зголемување и модернизација на своите капацитети, ја сели својата Генерална дирекција на нова локација, во корпоративната зграда Сити Плаза, на ул. „Мајка Тереза“ бр. 1 влез 2 во центарот на Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Популарно