Connect with us

Компании

Триглав ја задржа цврстата капитална позиција и високата добивка за време на пандемијата

Објавено

на

Агенцијата за кредитен рејтинг S&P Global Ratings (во продолжение S&P, или агенција), по извршениот редовен годишен преглед, на ден 13.9.2021 година на Групацијата Триглав, а со тоа и на нејзиното матично друштво и на друштвото ќерка Позаваровалница Триглав РЕ, повторно им ги потврди долгорочната кредитна оценка и бонитетната оценка на финансиска моќ “A” со стабилна среднорочна прогноза. Високиот рејтинг е одраз на солидната капитализираност на Групацијата Триглав и на нејзиното стабилно,
профитабилно работење, поддржано од дисциплинирано преземање ризици во осигурување, користење сигурна заштита преку реосигурување и економијата на опсег, како и други предности на доминантната пазарна позиција во регионот и во Словенија. Кредитниот рејтинг “A” потекнува исклучиво од самостојниот профил на кредитен ризик на Групацијата.

S&P во својот извештај потврдува дека профилот на деловниот ризик на Групацијата Триглав е силен, додека профилот на финансиски ризици е многу силен. Смета, дека водечката позиција на словенечкиот пазар на Групацијата Триглав и овозможува спроведување на економии на опсег, што ги надополнува со користење на реномираниот бренд, разновидна понуда и
регионално развиена продажна мрежа. Наведува дека Групацијата со својот фокус на клиентите обезбедува профитабилно работење во двете дејности, осигурувањето и управувањето со средства. Притоа, наведено е дека дисциплинираноста при преземањето на ризиците на осигурување е клучен темел за успешно работење на Групацијата Триглав во тешките услови минатата година и првата половина од 2021 година поради пандемијата.

S&P оценува, дека профилот на ризик на Групацијата Триглав е стабилен и дека е поврзан со конзервативната инвестициска политика и ефективна реосигурителна заштита. Успехот на ефективната реосигурителна заштита се потврди и во 2020 година, наспроти поинтензивните природни масовни штети (земјотресот во Хрватска и бурите со град на три пазари).

Инвестициското портфолио го оценува како високо квалитетно и со добра распространетост, претежно во евро зоната. Ризиците од гарантираното осигурување на живот се ограничени и ублажени преку соодветно управување на резервациите.

Среднорочната прогноза за кредитен рејтинг ги одразува очекувањата на S&P дека Групацијата Триглав ќе продолжи успешно да ја спроведува својата деловна стратегија најмалку во следните две години, со акцент на растот и понатамошната диверзификација на работењето.

Агенцијата очекува, дека и покрај пандемијата и промената на економскиот циклус, Групацијата Триглав ќе задржи силна, стабилна добивка и висока капитализираност, што во идните две до три години ќе ги исполни критериумите за оцената “AA”.

Компании

Онлајн купување и пари назад

Објавено

на

Онлајн пазарувањето го упростивме го направивме сега поедноставен! Креиравме брз и практичен начин со кој не само можете да пазарувате преку интернет кај саканата онлајн продавница туку и да добивате предности. Имате можност да заштедите и време и пари. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Во следните 12 месеци приватните компании планираат да инвестираат над 160 милиони евра

Објавено

на

Во периодот септември 2021 – август 2022 година, 93,8 отсто од од приватните компании планираат инвестиции. Вкупниот планиран износ на инвестиции на овие компании изнесува 161.054.020 евра. Ова се податоците од анкетата што ја спроведе Стопанската комора на Северна Македонија меѓу своите членки, на тема „Инвестиции на компаниите членки на СКСМ во следните 12 месеци ( септември 2021 – август 2022 година)”. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Оглас за вработување во Штедилница Можности

Објавено

на

Штедилница Можности објавува ОГЛАС за вработување на амбициозна и мотивирана личност за работно место службеник во служба за финансии и сметководство, за вршење на работи и работни задачи во делот на: (more…)

Продолжи со читање



Популарно