Connect with us

Осигурување

Триглав со нова услуга на пазарот – Онлајн плаќање на фактури

Објавено

на

Триглав Осигурување воведе нова услуга на пазарот, онлајн плаќање на фактури. Оваа услуга за клиентите е достапна на веб страната на компанијата, во делот Онлајн услуги.

Со цел олеснување на обврските, превенција и заштита на сите нас, Триглав Осигурување воведе нова услуга на пазарот, oнлајн плаќање на фактури. На овој начин компанијата им овозможи на клиентите во секое време, од својот дом, на многу едноставен начин да ги реализираат своите обврски кон Триглав.

„И во овие тешки моменти на предизвици, изменет начин на живот и на работа, како и неизвесност, подготвени сме да помогнеме на нашите клиенти и партнери, кои согласно нашата развојна стратегија се на прво место. Денес почнуваме да нудиме можност за електронско плаќање на фактури, бидејќи како компанија сме должни да обезбедиме алатки, кои ќе ги олеснат сите аспекти од животот, особено имајќи предвид колку е во овој период важно сите да останеме дома и да го заштитиме нашето и здравјето на сите околу нас”, изјави во оваа прилика Главниот извршен директор на компанијата, г. Ѓорѓе Војновиќ.

Триглав Осигурување и натаму останува достапен за сите услуги и производи, а компанијата работи со времено изменето работно време секој работен ден од 09 часот до 13 часот.

Полисите за осигурување клиентите можат да ги добијат по електронски пат. За таа цел треба да се обратат телефонски на својот осигурителен агент, или пак на e-polisa@triglav.mk.

Штетите можат да се пријават електронски на steti@triglav.mk, со приложување на комплетна документација.

За итни автомобилски штети клиентите можат да закажат термин за пријава и проценка на штети на броевите на линкот во прилог. 

Осигурување

Осигурување Македонија оствари добивка во износ од 58,3 милиони денари заклучно со третиот квартал во 2020 година

Објавено

на

Осигурување МАКЕДОНИЈА ад Виена Иншуренс Груп во периодот Јануари -Септември 2020 година оствари позитивен финансиски резултат во износ од 58,3 милиони денари. Во истиот период 2019 година финансискиот резултат изнесува 67,4 милиони денари. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Tриглав Осигурување АД Скопје оствари нето добивка од речиси 1 милион евра за периодот јануари-септември 2020 година

Објавено

на

Tриглав Осигурување АД, Скопје заклучно со 30.09.2020 година оствари нето добивка од работењето во износ од 61.259 илјади денари, што е за 12.666 илјади денари повисоко во однос на минатата година. (more…)

Продолжи со читање

Business Woman

Вилма Учета-Дузлевска нов генерален директор на Триглав осигурување живот АД Скопје

Објавено

на

Компанијата Триглав осигурување живот АД Скопје доби нов генерален директор и извршен член на одбор на директори. Вилма Учета-Дузлевска ја презема водечката позиција во компанијата по поминати неколку мандати на извршни позиции во областа на осигурувањето во Кроација осигурување. (more…)

Продолжи со читање

Популарно