Connect with us

Осигурување

Триглав советува: 10 причини кои го попречуваат вниманието на возачите

Објавено

на

Мобилните телефони не се единствените што го попречуваат вниманието на возачот. Движењето „И понатаму возам – иако не одам“ потсетува дека повеќе од 40% од повредите на рбетниот мозок настануваат поради сообраќајни незгоди. 23% од тие незгоди се предизвикани од типкање на мобилен телефон. Сепак, мобилниот телефон не е единствен што го попречува вниманието на возачот и што го зголемува ризикот од сообраќајна незгода. Направивме преглед на сето она што додека возите може да ви го одврати вниманието од патот.

Стручњаците од Секторот за сообраќај во САД напоменуваат дека вниманието на возачот може го одвратат три вида на пречки:

• визуелни пречки, поради кои возачот не гледа на патот,

• мануелни пречки, поради кои возачот ги спушта рацете од воланот, и

• когнитивни пречки, поради кои возачот мисли на нешто друго, а не на возењето.

1. Мобилни телефони

Според мислењето на стручњаците, најголема опасност за настанување на сообраќајна незгода е типкање на текстуални пораки, бидејќи ги вклучува сите три вида на пречки.

Сличен учинок врз возењето може да има и употребата на мобилен уред пред воспоставувањето на повик, кога го бараме телефонскиот број на лицето со кое сакаме да разговараме. Дури и со опцијата hands-free, поединецот треба најпрво на екранот да го пронајде бројот (освен на уредите со гласовни команди) и при тоа го одвратува погледот од патот.

Возачот може лесно да го поремети и телефонскиот разговор што му го одвратува вниманието од случувањата на патот во тој момент.

2. Неправилни обувки

Возењето во сандали може да биде опасно. Кога ги притискате педалите за време на нормално, стабилно возење, тогаш нема проблеми. Но кога е потребно брзо да се дејствува и да се помрдне ногата од педалата за гас на кочница или брзо да се притисне педалата на квачилото, поради заглавен ѓон може да изгубите секунда или повеќе. При брзина од 80 километри на час, тоа значи губење на најмалку 20 метри оддалеченост при кочење.

И високите потпетици преставуваат несоодветни обувки.

3. Храна и пијалоци

Бројни студии покажаа дека доколку јадете или пиете за време на возењето, двојно се зголемува можноста да предизвикате сообраќајна незгода.

Храната и пијалоците го одвраќаат вашето внимание, бидејќи не можете со целосно внимание да следите што се случува на патот. Во исто време, може да се случи нешто да ви испадне или да се накапете/исфлекате и наместо на возењето, да се сконцентрирате на чистење.

4. Гласна музика

Слушањето омилена радио станица или музика преку различни носачи на звук може да создаде позитивна атмосфера за време на возењето. Но, за музиката да не нѝ пречи, тонот треба да биде умерен за да можеме да чуеме сирени од возила за итна помош, полициски свиреж или звук на мотор.

Додека возите немојте да менувате радио станици.

За време на возење опасно е да се менуваат радио станици или да се бара омилената песна, бидејќи тоа ги пренасочува вашето внимание и вашиот поглед.

5. Деца на задните седишта

Некои студии тврдат дека децата повеќе го попречуваат возачот отколку мобилните телефони.

Не обидувајте се да се протегате за време на возењето и да се обидувате да дофатите цуцли, шишенца или играчки. Кога му се обраќате на детето на задното седиште, го свртувате погледот од патот и често се случува и несакајќи да ја поместите раката со која го држите управувачот. На тој начин се менува насоката на тркалата и автомобилот неконтролирано свртува.

Како може да го избегнете ова? Најдобро би било да го запрете автомобилот на соодветно место и да ги смирите децата. Предупредете ги на соодветно однесување и нагласете дека поинаку нема да можете да го продолжите патот.

На детето бидете му пример додека се возите. Возете поспоро, без нагло кочење, забрзување и скршнување и почитувајте ги сообраќајните правила. Истото важи и за врзување во автомобилот.

6. Останати патници

Ништо помала пречка во однос на децата не се ни другите патници во автомобилот, ако ви го пренасочуваат вниманието на разговорот. Многу се зборува за опасностите од користењето на мобилните телефони за време на возење, а честопати се заборава дека еднаква опасност претставува разговорот со сопатниците.

Новото истражување на Универзитетот во Мичиген открива дека возачот кој разговара со сопатниците, вози како возач кој користи мобилен телефон. Студијата, на пример, не покажа статистички разлики во возењето во исправна лента или за правилно управување со управувачот меѓу возачите кои користат телефон и оние кои додека возат разговараат со сопатниците.

Исклучете го или стишете го телефонот. Што да сторите со сопатниците? Возете поспоро и не разговарајте со нив за актуелните проблеми.

7. Кучиња

И за кучињата важи дека не смеат да пречат во возењето. Нивното место за време на возењето дефинитивно не е во вашиот скут или на совозачкото седиште, што може да биде опасно и за вас и за животното.

За време на возењето животните треба да бидат адекватно заштитени. Тоа значи дека во случај на судар или нагло кочење нема да претрпи повреди – дека нема да летне низ ветробранското стакло.

8. Багаж

За безбедноста на патниците, важно е содржината во багажникот да е уредена. Затоа, бидете прецизни и доследни при полнењето на багажникот.

Полицата зад задното седиште може да биде погодна за оставање на работите, но при кочење веднаш ќе се покаже дека е подобро да се користи багажникот.

Разни парчиња багаж поради нагло кочење можат со голема кинетичка енергија да полетаат нанапред и да му попречат на возачот.  Особено е опасно ако возачот се обиде да ги подигне тие предмети додека вози.

Најопасни се големи предмети, не само на задната полица, туку и ако се наредени до врвот на автомобилот без заштитна мрежа која би ги заштитила патниците во кабината.

9. Уредување

Некои го користат времето додека се возат за шминкање или правење фризура. Тоа исто така претставува пречка во возењето и затоа е подобро тоа да го сторите дома или да почекате да стигнете до посакуваната дестинација.

10. Навигациски уреди

Ако користите навигациски уреди или апликации кои се, секако, одлична алатка за подобро и безгрижно возење, погрижете се истите да не ви пречат и не ги подесувајте додека возите.

Поставките треба да се уредат пред почетокот на возењето, а мобилниот или навигацискиот уред да се намести така што нема да ви пречи додека возите – најдобро е да се користи носач за телефон или навигациски уред. Најпогодни се оние навигациски уреди кои што се инсталирани во автомобилот, бидејќи истите најмалку ви пречат.

Сите наведени ризици ја зголемуваат можноста да биде предизикана сообраќајна несреќа или истата да биде за влакно избегната. Сепак, сите овие опасности едноставно може да ги избегнете и сигурно да стигнете до целта. За безбедноста да биде потполна, проверете ги осигурителните пакети на Триглав Осигурување на следниот линк!

Осигурување

Осигурување МАКЕДОНИЈА а.д. Скопје со добивка од над 1 милион евра за периодот јануари-септември 2018

Објавено

на

Осигурување МАКЕДОНИЈА а.д. Скопје – Виена Иншуренс Груп заклучно со 30,09,2018 година има остварено добивка пред оданочување во износ од 68,4 милиони денари. Во истиот период 2017 година Друштвото оствари добивка пред оданочување во износ од 56,4 милиони денари. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Се воведува данок на осигурување

Објавено

на

Под доход од осигурување се подразбира премијата за осигурување на живот уплатена од правно лице или обврзник кој остварува доход од самостојна дејност, премијата за неживотно осигурување уплатена од правно лице или обврзник кој остварува доход од самостојна дејност, придонеси во доброволен пензиски фонд уплатени од правно лице или обврзник кој остварува доход од самостојна дејност, исплатената осигурана сума, освен надоместокот на штета,  исплатениот пензиски надоместок од доброволно капитално финансирано осигурување и освен пензискиот надоместок исплатен преку програмирани повлекувања. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Кроациа Осигурување – Живот: “Се повеќе Македонци се одлучуваат за животно осигурување како сигурен облик на штедење”

Објавено

на

Се повеќе македонски граѓани го препознаваат животното осигурување како сигурен облик на штедење кое им гарантира заштеда, овозможувајќи им истовремено сигурност при можни ризици. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange