Connect with us

Осигурување

Триглав советува: Дали се исплати прекин на животно осигурување?

Објавено

на

Животот е полн со пресврти, подеми, падови и многу изненадувања. Колку и да се трудиме, не можеме да бидеме целосно спремни за секој предизвик со кој што се соочуваме во животот.

Одредени ситуации не поттикнуваат повторно да размислиме за некои одлуки кои што внимателно сме ги донеле во минатото. Една таква одлука е одлуката за животно осигурување.

Можеби сте присилени да ги намалите месечните трошоци, па ви паѓа на памет да ги прекинете трошоците за животното осигурување. Но, пред да ја донесете таа одлука, запрашајте се дали тоа навистина се исплати.

Ако ја прекинете полисата пред време, поголемата сума на вложени средства ќе биде изгубена

Одлуката за прекин на полисата за животно осигурување во првата третина од нејзиното траење е најнеисплатливо, бидејќи откупната вредност се пресметува заедно со факторите на откупот чија вредност се зголемува како што се приближува рокот на истекот на осигурувањето.

Колку што е подолг временскиот период од датумот на склучување на договорот за животно осигурување толку повеќе се исплати осигурувањето, бидејќи трошокот, кој што се зема во предвид кај факторите на откупот, се намалува со самото траење на осигурувањето.

Поради таа причина, ве советуваме само во исклучителни случаи да го искористите правото за исплата на откупната вредност на осигурувањето. Ако во општите услови на осигурувањето има можност за плаќање на аванс, препорачиво во такви случаи е да се одлучите за делумна исплата на откупната вредност, при што осигурувањето трае и понатаму.

Подобро е да се искористи опцијата за мирување на осигурување

Доколку од почетокот на осигурувањето поминале најмалку 2 години и ако за тој период се платени сите премии, имате опција да го ставите осигурувањето во мирување. Периодот на мирување може да биде најмногу 12 (дванаесет) месеци. По истек на најмалку две години од денот на истекување на периодот на мирување, повторно имате право да го ставите осигурувањето во мирување, но под услов редовно да се платени сите премии за осигурување во текот во тие поминати две години. За осигурување на живот со штедење, во текот на периодот на мирување, обврската на осигурителот е во висина на капитализираниот(намалениот) износ. Овој износ се пресметува со методот на актуарска математика, така што математичката резерва, која е еднаква на вредноста на платената премија, се смета за еднократна премија, на основа на која потоа се пресметува намалениот осигурен износ.

По истекот на периодот на мирување, се врши пресметка на осигурениот износ и премијата за осигурување. Притоа, се зема во предвид дека за одредено време, премијата не треба да се наплати.

Важно е да се напомене дека траењето на осигурувањето не се менува поради ставање на истото во мирување. Но, запомнете дека доколку се повредите во текот на траењето на мирувањето, не можете да поднесете барање за оштета со дополнителното осигурување од незгода.

Животното осигурување е повеќе од само осигурување!

Моменталната економска ситуација ни приложува уште поголем интерес за животно осигурување, бидејќи осигурувањата од овој тип дават сигурност и заштита во случај на непогодна ситуација како што е, на пример, смртта на осигурената личност.

Дали вашето семејство зависи од вашите приходи? Или пак, имате кредитни обврски кои што во случај на ваша смрт би можеле да се префрлат на вашите најблиски, со што дополнително би им ја отежнале ситуацијата? Можеби во моментот сметате дека средствата кои што ги одвојувате за плаќање на животното осигурување можете подобро да ги искористите за други работи, но доколку во иднина одредени околности во животната ситуација се променат, повторно би склучиле договор за осигурување на живот?

Имајте предвид дека доколку го прекинете договорот за животно осигурување, а подоцна повторно се одлучите за склучување на нов договор за животно осигурување, премијата која ќе треба да ја платите за осигурителниот договор се зголемува поради склопување на договор за животно осигурување во подоцен животен период. Со прекин на полисата за животното осигурување, исто така се прекинуваат и дополнителните осигурувања, како на пример, осигурувањата од несреќи, кои што впрочем, се корисни за секого. Затоа, бидете детално информирани за условите, опфатот и можностите за животното осигурување.

Домашни банки

Халкбанк ќе отвори своја осигурителна компанија

Објавено

на

По информацијата објавена од Македонската берза дека акциите на „Нова Осигурување АД Скопје” се продадоа за вкупно 3,2 милиони евра во две блок-трансакции, „Халкбанк АД Скопје” и официјално потврди дека сега поседуваат 100 отсто од капиталот на осигурителната компанија.

(more…)

Продолжи со читање

Осигурување

КРОАЦИЈА ОСИГУРУВАЊЕ ОСТАНУВА СИГУРЕН ПАРТНЕР НА МАКЕДОНСКИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕН РАКОМЕТ

Објавено

на

Во пресрет на дваесет и шестото Светско првенство во ракомет, кое од утре (10.01.) до 27-ми јануари се одржува во Германија и Данска, Кроација осигурување – Друштво за неживотно осигурување го продолжи парнерството со Ракометната федерација на Македонија. На тој начин компанијата даде придонес во обезбедување на неопходните предуслови за уште едно успешно учество на нашите репрезентативци на најголемото ракометно натпреварување оваа година.  (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Кроација Осигурување – Живот го демантира Винер Лајф со Факти

Објавено

на

Кроација Осигурување – Живот го демантира Винер Лајф со Факти откако во јавноста беше објавено интервју со Марко Дамевски, Менаџер за продажба во Винер Лајф. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange