Осигурување
Триглав Смарт картичка – нова картичка за лојалност на Триглав Осигурување Живот


Здравјето е од непроценлива важност за сите нас и е еден од најважните предуслови за квалитетен живот. Но, современиот начин на живот, како и брзото темпо, имаат директно влијание врз нашето здравје и значително ја наметнуваат потребата за воведување на здрави животни навики.
Како компанија која се грижи за своите клиенти, и во насока на подигнување на свеста за зголемена грижа на здравјето и рана превенција, Триглав Осигурување Живот воведе програма за лојалност за своите осигуреници.
„Триглав Осигурување Живот е компанија во која осигурениците и нивното здравје се секогаш на првото место, и затоа, исклучително важно, ни беше да понудиме опција со која клиентите ќе имаат можност да користат голем број бенефиции и повластени цени, а воедно и поголема пристапност до соодветни здравствени установи и рекреативни центри. Со склучување на договор и станувајќи корисник на полиса за животно осигурување, нашите осигуреници стекнуваат право на Триглав Смарт картичка која обезбедува користење на услуги за здравствена заштита и превенција во голем број компании и институции во земјата, по повластена цена“ – велат од Триглав Осигурување Живот.
Со Триглав Смарт картичката, корисниците добиваат попуст во голем број ординации по општа медицина, стоматологија и офталмологија, како и во аптеки, фитнес и спа центри, продавници за здрава храна и хотели. Целосната листа на локации кои нудат попуст за корисниците на Триглав Осигурување Живот може да се погледне тука.
Освен тоа, корисниците стекнуваат право и на попуст на програмата Спортмастер, која овозможува пристап до преку 100 активности за спорт и рекреација во Скопје и другите градови низ земјата.
Побарајте ја Вашата нова картичка за лојалност на Триглав Осигурување Живот на бројот за грижа на корисници: 0800 04444.
Осигурување
АСО реши 31% повеќе претставки во корист на осигуреници, изречени парични казни за две осигурителни компании


Во првото полугодие годинава најбројни се претставките за исплата на штети од автомобилска одговорност и за осигуран имот. Најголем раст има кај бројот на претставки со кои осигурениците се жалат на рокот во кој компаниите ги решаваат штетите. Менаџментот на АСО во континуитет ја зголемува транспарентноста во работењето што резултира со постојан раст на бројот на добиени претставки. Во првите шест месеци бројот на претставки по кои постапува АСО се зголеми за 65% во споредба со истиот период лани. (more…)
Осигурување
Над 281.000 граѓани имаат животно осигурување, вложиле осум милиони евра за три месеци


Петте компании за животно осигурување, во првиот квартал, склучиле нови 14.000 договори со кои животите ги осигурале над 20.000 граѓани. Од вложените 8 милиони евра во класичните осигурителни производи: ризико и осигурување со штедна компонента се вложени 6,3 милиони евра, а останатите се инвестирани во „јунит линкд“ осигурување. (more…)
Домашни банки
Шпаркасе Банка го воведува UnitLinked во соработка со Винер Лајф Виена Иншуренс Груп АД Скопје


Шпаркасе Банка АД Скопје, во соработка со Винер Лајф Виена Иншуренс Груп АД Скопје како стратешки долгорочен партнер и инвестицискиот фонд WVP, го збогатува своето портфолио на осигурителни производи, преку воведување на нов производ – Unit Linked, кој нуди животно осигурување со инвестирање. (more…)
- Останатопред 4 weeks
УЈП со важно соопштение за сите кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“
- Кредитипред 3 weeks
Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот
- Депозитипред 2 months
Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските и девизните депозити
- Кредитипред 2 months
Ова лето можеш сè
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 months
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје