Connect with us

Осигурување

Триглав полиса за корисници на кредит која целосно ги покрива кредитните обврски

Објавено

на

Кредитите и кредитните картички станаа наша слатка навика за финансирање на нашите потреби, желби и соништа. Практично, сите живееме живот на кредит. Но, дали сте пресметале колку изнесува вашето кредитно задолжување? Колку вашето семејство финансиски зависи од вас?

Во најлош случај, дали на вашето семејство ќе му оставите долг или наследство?

Ризико полисата за осигурување на живот на корисници на кредит, на Триглав Осигурување Живот АД Скопје, овозможува максимална финансиска заштита за вашето семејство.

Оваа полиса обезбедува отплата на кредитот во случај на смрт на кредитобарателот од страна на Триглав Осигурување Живот АД Скопје, со истовремено целосно покритие во случај на смрт од ковид-19, и на овој начин семејството на кредитобарателот не е дополнително оптоваренo со преземање на кредитните обврски, бидејќи истите во целост се покриени со полисата.

Сите корисници на кредит кои веќе имаат активен кредит во некоја од македонските банки, можат да ги осигураат своите моментални кредитни обврски со склучување на полиса во висина на неотплатен кредитен износ. Премијата за полисата зависи од вашето кредитно задолжување, која може да изнесува и само 4 евра месечно.

Само финансиски одговорните луѓе се осмелуваат на кредитна изложеност. Покажете ја вашата одговорност и финансиски заштитете го Вашето семејство.

Осигурување

АСО реши 4 пати повеќе претставки во корист на осигуреници

Објавено

на

Транспарентното работење на менаџментот на АСО придонесе да расте бројот на претставки добиени од осигуреници за работата на осигурителните компании. За три месеци АСО постапи по 52 претставки што е тројно повеќе од лани. Најбројни, во првите три месеци годинава, се поплаките на осигуреници при обештетување од автомобилска одговорност покриенa со европски извештај. Нивниот број е зголемен за речиси четири пати. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Триглав Осигурување Живот на финансискиот караван на НЛБ Банка

Објавено

на

Финансискиот караван кој годинава ќе се одржи по вторпат пред експозитурите на НЛБ Банка низ земјата, од 5 мај до 5 јуни, има за цел да ги едуцира и советува клиентите на Банката за различни осигурителни или инвестициски финансиски продукти. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Бројот на претставки решени во корист на осигуреници зголемен 2,5 пати

Објавено

на

Една од најособените, од вкупно 206, претставки што ги доби АСО е таа во која на осигуреник не му беше продолжено осигурувањето поради тоа што во меѓувреме му бил дијагностициран рак. АСО ги соочи двете осигурителни компании (од кои едната го предава, а другата го превзема осигуреникот) и ги разгледа условите и аргументите на трите страни. Случајот беше решен позитивно. При што двете компании се усогласија, а осигуреникот доби полиса за животно осигурување која го обезбедува кредитот. (more…)

Продолжи со читање


Популарно