Connect with us

Осигурување

Триглав полиса за корисниците на кредит која во целост ги покрива вашите кредитни обврски

Објавено

на

Кредитите и кредитните картички неретко се потреба за финансирање на нашите барања, желби и соништа. Практично, голем дел од нас поседуваат кредит или кредитна картичка. Но, дали сте пресметале колку изнесува Вашето кредитно задолжување? Колку Вашето семејство финансиски зависи од Вас?

Во најлош случај, дали на Вашето семејство ќе му оставите долг или наследство?

Ризико полисата за осигурување на живот на корисници на кредит, на Триглав Осигурување Живот АД Скопје, овозможува максимална финансиска заштита за Вашето семејство.

Оваа полиса обезбедува отплата на кредитот во случај на смрт на кредитобарателот од страна на Триглав Осигурување Живот АД Скопје, со истовремено целосно покритие во случај на смрт од CoVid-19, и на овој начин семејството на кредитобарателот не е дополнително оптоваренo со превземање на кредитните обврски, бидејќи истите во целост се покриени со полисата.

Комбинацијата на банкарски и осигурителни производи, тн. банко-осигурување, подразбира овозможување на кредит со вклучена полиса за осигурување на живот за кредитобарателот, која има за цел да обезбеди финансиска сигурност на семејството на кредитобарателот при немил настан. Најчесто во пракса, Банките при одобрување на овој кредит овозможуваат и значително поповолни услови за кредитирање на клиентите.

Сите корисници на кредит кои веќе имаат активен кредит во некоја од македонските банки, можат да ги осигураат своите моментални кредитни обврски со склучување на полиса во висина на неотплатен кредитен износ. Премијата за полисата зависи од Вашето кредитно задолжување, која може да изнесува и само 4 евра месечно.

Само финансиски одговорните луѓе се осмелуваат на уредна кредитна изложеност. Покажете ја Вашата одговорност и финансиски заштитете го Вашето семејстово.

За повеќе информации, 📞 02 5102-201 или на: ponuda@triglavzivot.mk

Триглав Осигурување – Живот, за живот со насмевка.

Осигурување

За само еден месец граѓани наплатија еден милион евра од осигурување живот

Објавено

на

Во првите седум месеци годинава компаниите за осигурување живот исплатиле 494 милиони денари (8 мил.евра) на осигуреници или на лица кои биле носители на правата од полисите за осигурување живот. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Во ек на летни одмори, само во јули, 80.000 граѓани вложија 685.000 евра во патничко осигурување

Објавено

на

Во јули граѓани, компании и институции вложија 18,6 милиони евра во неживотно осигурување. Од доброволните осигурувања најголемо учество во продажбата имаат осигурувањето имот, пред каско осигурување моторни возила и доброволното (приватно) здравствено осигурување. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Промени во Одборот на директори на Триглав Осигурување Живот АД Скопје

Објавено

на

На 17-тата седница на Собранието на акционери на Триглав Осигурување Живот АД Скопје, одржана на ден 14.07.2023 година, донесена е Одлука за избор на Г-ѓа Вилма Учета Дузлевска за неизвршен член на Одборот на директори на Триглав Осигурување Живот АД, Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Популарно