Connect with us

Осигурување

Триглав Осигурување ќе користи ИТ системи на Заваровалница Триглав Ре

Објавено

на

Одборот на директори на Триглав Осигурвање АД, Скопје, на 136-та седница одржана на ден 27.-28.11.2017 година, донесе Одлука за одобрување на склучување на Договор за ад-он лиценци за користење на информацискиот систем МС Нависион и Мој Архив на Заваровалница Триглав д.д. бр. 0202-16931 од 27.11.2017 година, врз основа на која на ден 16.02.2018 година е склучен Договор за ад-он лиценци за користење на информацискиот систем МС Нависион и Мој Архив помеѓу Триглав Осигурување АД, Скопје и Заваровалница Триглав д.д., Љубљана, соопшти Триглав Осигурување АД преку соопштение на Македонска берза.

Вредноста на договорот изнесува годишно 2.928 eвра без вклучен данок на додадена вредност (ДДВ).

Капиталната поврзаност помеѓу Триглав Осигурување АД, Скопје и Заваровалница Триглав д.д., Љубљана произлегува од тоа што двете друштва се членки на Групата Триглав.

Осигурување

Групацијата Триглав на крајот од третото тромесечие ја потврдува прогнозата за планираната годишна добивка

Објавено

на

Во првите девет месеци од оваа година Групацијата Триглав реализираше 69,9 милиони евра добивка пред оданочување, што е за 8% повеќе во споредба со истиот период минатата година. Имајќи ги во вид предвидените можности до крајот на годината, ја потврдува прогнозата за планираниот годишен резултат. Во однос на истиот период од минатата година, во дејноста осигурување остварен е раст на премија на сите пазари и во сите сегменти на осигурување (неживотни, животни и здравствени осигурувања), а зголемен е и опсегот на средства на клиентите со кои се управува. Во 2018-та година Групацијата продолжува со спроведување на својата стратегија на раст и развој, со што се поврзани и активностите кои Групацијата ги превзеде оваа година. Надзорниот одбор на друштвото, на  Андреј Слапар, Претседател на Управата, му довери петогодишен мандат и ги потврди мандатите на членовите на Управата, Урош Иванц и Тадеј Чороли. Триглав Осигурување Скопје, членка на групацијата Триглав, третиот квартал оваа година го заврши со 11% повисока бруто полисирана премија (18,5 милиони евра) во споредба со истиот период минатата година. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Осигурување МАКЕДОНИЈА а.д. Скопје со добивка од над 1 милион евра за периодот јануари-септември 2018

Објавено

на

Осигурување МАКЕДОНИЈА а.д. Скопје – Виена Иншуренс Груп заклучно со 30,09,2018 година има остварено добивка пред оданочување во износ од 68,4 милиони денари. Во истиот период 2017 година Друштвото оствари добивка пред оданочување во износ од 56,4 милиони денари. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Се воведува данок на осигурување

Објавено

на

Под доход од осигурување се подразбира премијата за осигурување на живот уплатена од правно лице или обврзник кој остварува доход од самостојна дејност, премијата за неживотно осигурување уплатена од правно лице или обврзник кој остварува доход од самостојна дејност, придонеси во доброволен пензиски фонд уплатени од правно лице или обврзник кој остварува доход од самостојна дејност, исплатената осигурана сума, освен надоместокот на штета,  исплатениот пензиски надоместок од доброволно капитално финансирано осигурување и освен пензискиот надоместок исплатен преку програмирани повлекувања. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange