Connect with us

Осигурување

Триглав осигурување со позитивни финансиски извештаи

Објавено

на

Првата половина на 2018 година Триглав Осигурување Скопје ја заврши со 12,3 милиони евра бруто полисирана премија, што обезбеди значаен пораст на премија од 5% во споредба со истиот период минатата година. Најголем раст на премија се забележува кај доброволното приватно здравствено осигурување (44% споредено со истиот период во 2017 година), како и кај останатите имотни осигурувања, кои што бележат раст од 22%. Лидерската позиција на пазарот на неживотно осигурување Триглав Скопје ја потврди и со пораст на пазарниот удел од речиси 1 процентен поен на крајот на првиот квартал од оваа година.

Главниот извршен директор на компанијата, г. Ѓорѓе Војновиќ, смета дека во овој период Триглав сработи многу и на клиентите им понуди нови можности. „На почетокот на оваа година на клиентите им обезбедивме можност за онлајн обнова на полиси за осигурување од автомобилска одговорност. Единствени на пазарот понудивме нови производи, како што е осигурувањето на гуми. Работевме на надградба на постоечки производи, а во доменот на доброволно здравствено осигурување понудивме специјалистичко вонболничко и болничко лекување, нови можности во рамките на осигурување на операции, како и опции за индивидуално и семејно осигурување,“ изјави во оваа прилика г. Војновиќ. „Поставувањето на еколошката инсталација City tree беше еден од најважните проекти на Триглав во доменот на заштита на животната средина во 2018 година и е израз на нашите корпоративни вредности и заложби“, дополни г. Војновиќ.

Триглав Осигурување Живот, по својот комерцијален старт на крајот на 2017 година, активно работи на етаблирање на компанијата и промовирање на својата понуда на пазарот на осигурување на живот во земјата, со цел да обезбеди што подобра едукација на јавноста за бенефитите на осигурувањето на живот. Со воведувањето на осигурување на живот на македонскиот пазар, Триглав на своите клиенти може да им понуди услуги во сите домени на осигурувањето.

Домашни банки

Халкбанк ќе отвори своја осигурителна компанија

Објавено

на

По информацијата објавена од Македонската берза дека акциите на „Нова Осигурување АД Скопје” се продадоа за вкупно 3,2 милиони евра во две блок-трансакции, „Халкбанк АД Скопје” и официјално потврди дека сега поседуваат 100 отсто од капиталот на осигурителната компанија.

(more…)

Продолжи со читање

Осигурување

КРОАЦИЈА ОСИГУРУВАЊЕ ОСТАНУВА СИГУРЕН ПАРТНЕР НА МАКЕДОНСКИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕН РАКОМЕТ

Објавено

на

Во пресрет на дваесет и шестото Светско првенство во ракомет, кое од утре (10.01.) до 27-ми јануари се одржува во Германија и Данска, Кроација осигурување – Друштво за неживотно осигурување го продолжи парнерството со Ракометната федерација на Македонија. На тој начин компанијата даде придонес во обезбедување на неопходните предуслови за уште едно успешно учество на нашите репрезентативци на најголемото ракометно натпреварување оваа година.  (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Кроација Осигурување – Живот го демантира Винер Лајф со Факти

Објавено

на

Кроација Осигурување – Живот го демантира Винер Лајф со Факти откако во јавноста беше објавено интервју со Марко Дамевски, Менаџер за продажба во Винер Лајф. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange