Осигурување
Триглав Осигурување со нов, SOS пакет за здравствено осигурување



Триглав Осигурување, денес, на Светскиот ден за борба против ракот, воведува нов промотивен пакет за осигурување во доменот на доброволното приватно здравствено осигурување, наменет за резидентниот и за корпоративниот сегмент.
Триглав SOS пакетот покрива трошоци за тешки болести и за операции, коишто можат да се изведат во Република Северна Македонија и во Република Словенија, а осигурителната премија за секој осигуреник е иста, без оглед на возраста. Овој пакет обезбедува финансиска заштита во најкритичните моменти во животот.
Триглав SOS пакет
SOS пакетот на Триглав е едноставно и достапно решение за здравствена заштита за сите, кои сакаат да го заштитат своето и здравјето на своите најблиски. Можат да го користат физички лица, индивидуално или пак за своите семејства, како и компаниите, за заштита на своите вработени. Условите на пакетот не зависат од возраста на осигуреникот, ниту пак има какви било предуслови за обезбедување на други здравствени осигурителни производи, што значи дека нема дополнителни трошоци. Единствен услов за обезбедување на пакетот е осигуреникот да биде до 60-годишна возраст.
SOS пакетот обезбедува покритие за операции до 10 000 евра, со подлимит од 5.000 евра за тешки болести, којшто еднократно се исплаќа. Средствата од покритието за операции се исплаќаат директно кон здравствената установа, кога интервенцијата е однапред најавена во инфо-здравје центарот на Триглав, info.zdravje@triglav.mk.
„Доброволното приватно здравствено осигурување е стратешки проект на Триглав, во чијшто развој континуирано вложуваме. Состојбите на пазарот и можностите на клиентите се секако основа во развојот на новите производи. Овој пат се фокусиравме на непланираните здравствени предизвици, со коишто секој од нас може да се соочи и коишто ни носат не само сериозни здравствени проблеми, туку и потполно непланирани финансиски последици. Со новиот SOS пакет на нашите клиенти им нудиме поддршка во справувањето со ненадејни и сериозни здравствени предизвици и воедно им обезбедуваме финансиска сигурност. И овој пат имаме производ со премиум квалитет, прилагоден на потребите и на можностите на клиентите, којшто нуди заштита, сигурност и квалитет на живот”, изјави во оваа прилика главниот извршен директор на Триглав Осигурување, г.Ѓорѓе Војновиќ.
Повеќе информации за новиот SOS пакет на Триглав можат да се добијат тука.
Осигурување
Групација Триглав во 2020 година: Успешно работење во исклучително тешка година


Во услови на пандемија на болеста COVID-19 и во средина со ниски каматни стапки во 2020 година, Групацијата Триглав ја покажа својата издржливости финансиска сила. Таа оствари 90,9 милиони евра добивка пред оданочување (индекс 90) и зголемен обем на осигурителната премијаво износ од 1.233,8 милиони евра (индекс 104). Групацијата, која во 2020 година повторно беше оценета со висока бонитетна оценка „А“, обезбеди деловен континуитет, стабилност и фокус на клиентите. Задоволството на вработените и на клиентите, што компанијата постојано го следи, во 2020 година го достигна највисокото измерено ниво. (more…)
Осигурување
Триглав Осигурување АД Скопје оствари добивка од 15,2 милиони денари во 2020 година



Триглав Осигурување АД Скопје, заклучно со 31.12.2020 година оствари нето добивката од работењето во износ од 15.246 илјади денари, стои во финансискиот извештај на компанијата објавен на Македонска берза. (more…)
Осигурување
Која осигурителна компанија исплати најголеми премии за жртвите од земјотресот во Хрватска?


Република Хрватска во последните години беше погодена од бројни катастрофи – од катастрофални пожари и поплави, до земјотреси и порој во Загреб, во кои граѓаните изгубија имот коj гo стекнуваа можеби цел живот. Според сеизмолошките истражувања, Хрватска, заедно со Грција, Турција, Северна Македонија и Италија е во област со најтектонски ризик во Европа. (more…)
- Анализипред 2 months
Запознајте ја банкарската фела во Македонија (прв дел)
- Анализипред 1 month
Запознајте ја банкарската фела во Македонија (втор дел)
- Банкипред 2 weeks
Огласи за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија
- Анализипред 4 hours
8 МАРТ АНАЛИЗА: Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Капитал Банка АД Скопје