Connect with us

Осигурување

Триглав Осигурување и Македонската кошаркарска федерација ја продолжуваат соработката

Објавено

на

Раководството на Кошаркарската федерација на Северна Македонија денеска на прес-конференција ја официјализираше соработката со Триглав Осигурување АД Скопје, компанијата што го продлабочи помагањето на македонскиот спорт со инвестиција во младинската кошарка. Поточно, Триглав Осигурување АД Скопје стана главен помагател на младинската кошарка, покривајќи ги котизациите на сите младински екипи во Македонија, во сите возрасни категории во машка и женска конкуренција.

„Мило ми е што се гледаме овде за една работа што е само дополнување на она што Триглав Осигурување како општествено одговорна компанија го прави за спортот. Мене како поранешен кошаркар ми е голема чест што го обновуваме договорот за поддршка на развојот на кошаркарскиот спорт. Триглав како компанија и јас лично како човек кој ја води компанијата, сакаме да дадеме дополнителен импулс за развојот на кошарката во Македонија на едни подолги патеки. Затоа, спонзорството е фокусирано на поддршка на младите категории,  па влегуваме како партнери во сите младински лиги, кои ќе бидат под покровителство на Триглав Осигурување. Сметаме дека тоа ќе биде дополнителен импулс при овие олеснети услови да имаме што поголем број на деца што ќе тренираат кошарка и ќе се развиваат во здрави личности. Од моја страна и од страна на компанијата им посакуваме на челниците на КФСМ успех во овој проект, како и во претстојните квалификации, бидејќи сите заедно сакаме да го вратиме кошаркарскиот спорт онаму каде што припаѓа“, изјави Ѓорѓе Војновиќ, главен извршен директор на Триглав Осигурување АД Скопје.

Првиот човек на мак-баскетот, Перо Антиќ, не го криеше задоволството од овој потпишан договор.

„Триглав е сериозна компанија, за нас е голема чест да имаме ваков партнер во работата. Уште поголемо е задоволството бидејќи договорот е со Војновиќ, човек што е мој кошаркарски ментор и кој ми помогна да стигнам онаму каде што стигнав во кариерата“, истакна Антиќ.

Генералниот Секретар на КФСМ, Владимир Георгиевски, смета дека со овој спонзор „куќата на кошарката“ ќе им овозможи на клубовите полесно функционирање.

 „Благодарност до Триглав  Осигурување за препознавањето на заедничките интереси и заеднички цели, најдовме партнер за долгорочна и успешна соработка. Со ова се олеснува во многу работата на младинските клубови, се поттикнуваат и се мотивираат, сите оние трошоци кои создаваа проблеми сега се покриваат од еден сериозен спонзор“, порача Георгиевски.

Осигурување

Заваровалница Триглав ќе го прифати повикот на АСО и ќе предложи акумулираната добивка од 2019 година да остане нераспределена

Објавено

на

Агенцијата за супервизија на осигурување (AZN) на ден 31.03.2020 година испрати повик до осигурителните компании, во којшто препорачува, до 01.10. 2020 година да не се исплатуваат дивиденди од акумулираната добивка и да не се преземаат неотповикливи обврски за исплати на дивиденди. Согласно повикот, Управата и Надзорниот одбор на Заваровалница Триглав на редовната годишна седница на Собранието на акционери на Заваровалница Триглав, ќе дадат предлог, акумулираната добивка со состојба од ден 31.12.2019 година, која што изнесува 60.543.475 евра, да остане нераспределена. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Триглав со добри резултати во 2019 година

Објавено

на

Надзорниот совет на Заваровалница Триглав на седницата одржана на 30.03.2020 година го потврди ревидираниот годишен извештај на Групацијата Триглав и на матичното друштво за 2019-та година. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

„Кроациа осигурување – Живот АД Скопје“ – Индивидуално осигурување на животот

Објавено

на

Живееме во чудни денови за кои до скоро не можевме ни да помислиме дека би се случиле кај нас. Изолација, затворање на компании и губење на работни места, како и несигурност на нашата иднина и иднината на нашите најблиски. (more…)

Продолжи со читање

Популарно