Осигурување
Триглав Осигурување Живот со нов производ – Колективно ризико осигурување во случај на смрт од болест


Триглав осигурување Живот АД Скопје почнувајќи од 01.01.2021 година во своето портфолио на производи започна со продажба на производот Колективно ризико осигурување во случај на смрт од болест.
Производот е наменет за компании кои сакаат своите вработени да ги заштитат од ризиците на секојдневието и да ги осигуруваат од ризикот смрт од болест. Освен за вработените, осигурувањето може да се склучи и за членови на нивните семејства.
Придобивка на овој производ е важноста на осигурувањето и при настанување на штетен настан како последица на Ковид-19.
Полисата е се рок на важност од минимум една година и истиот се продолжува за секоја наредна година.
„Како Компанија која динамично ги следи промените и потребите на пазарот, креиравме производ кој е наменет за заштита на секој вработен, во секоја компанија, а меѓу другите карактеристики, има социјална компонента на одговорност на секој работодавач кон своите вработени и членовите на нивните семејства. Ризикот кој го покрива неретко е на врвот на штетни настани во доменот на незадолжителните осигурувања, токму затоа верувам дека ќе биде нашироко прифатен. Триглав Осигурување Живот и понатаму останува верен партнер на македонските граѓани при индивидуално животно осигурување а со овој производ верувам дека ќе се доближиме и до секој работодавач, обезбедувајќи достапен и корисен производ “– кусо изјави Вилма Учета Дузлевска, Извршен Директор на Триглав осигурување Живот АД Скопје.
Осигурување
Групација Триглав во 2020 година: Успешно работење во исклучително тешка година


Во услови на пандемија на болеста COVID-19 и во средина со ниски каматни стапки во 2020 година, Групацијата Триглав ја покажа својата издржливости финансиска сила. Таа оствари 90,9 милиони евра добивка пред оданочување (индекс 90) и зголемен обем на осигурителната премијаво износ од 1.233,8 милиони евра (индекс 104). Групацијата, која во 2020 година повторно беше оценета со висока бонитетна оценка „А“, обезбеди деловен континуитет, стабилност и фокус на клиентите. Задоволството на вработените и на клиентите, што компанијата постојано го следи, во 2020 година го достигна највисокото измерено ниво. (more…)
Осигурување
Триглав Осигурување АД Скопје оствари добивка од 15,2 милиони денари во 2020 година


Триглав Осигурување АД Скопје, заклучно со 31.12.2020 година оствари нето добивката од работењето во износ од 15.246 илјади денари, стои во финансискиот извештај на компанијата објавен на Македонска берза. (more…)
Осигурување
Која осигурителна компанија исплати најголеми премии за жртвите од земјотресот во Хрватска?


Република Хрватска во последните години беше погодена од бројни катастрофи – од катастрофални пожари и поплави, до земјотреси и порој во Загреб, во кои граѓаните изгубија имот коj гo стекнуваа можеби цел живот. Според сеизмолошките истражувања, Хрватска, заедно со Грција, Турција, Северна Македонија и Италија е во област со најтектонски ризик во Европа. (more…)
- Анализипред 2 months
Запознајте ја банкарската фела во Македонија (прв дел)
- Анализипред 1 month
Запознајте ја банкарската фела во Македонија (втор дел)
- Банкипред 2 weeks
Огласи за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија
- Анализипред 3 hours
8 МАРТ АНАЛИЗА: Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Капитал Банка АД Скопје