Connect with us

Осигурување

Триглав Осигурување Живот со ново ризико осигурување за станбени кредити во соработка со Халкбанк со поврат на вложени средства

Објавено

на

Станбените кредити се одлична можност за решавање една значајна животна потреба како што е станбеното прашање, но знаат да бидат и голем товар за семејството кое се одлучило за кредитно задолжување со висок износ и долг временски период полн со неизвесности.

Комбинацијата на банкарски и осигурителни производи подразбира овозможување на кредит со вклучена полиса за осигурување на живот за кредитобарателот, која има за цел да обезбеди финансиска сигурност на семејството на кредитобарателот при немил настан.

Триглав Осигурување Живот во соработка со Халкбанк АД Скопје креираше нов РИЗИКО производ за сите корисници на станбени кредити кој обезбедува финансиска сигурност за семејството на кредитобарателот со фиксна осигурена сума во случај на смрт за цело времетраење на осигурувањето.

Со склучување на оваа полиса кредитобарателот го следи фиксна осигурена сума за цело времетраење на осигурување која е во висина на износот на подигнат станбен кредит. Во случај на смрт на кредитобарателот, Триглав Осигурување Живот има обврска да ја исплати целата осигурена сума независно од отплатата на кредитот, при што разликата се исплаќа кон член на семејството на кредитобарателот. Оваа полиса примарно гарантира отплата на кредитот во случај на смрт на кредитобарателот, а можниот вишок на средства како разлика помеѓу фиксната осигурена сума и не отплатен дел од станбениот кредит се исплаќа кон корисникот кој го одредил самиот кредитобарател, со што се обезбедува и дополнителна финансиска сигурност за најблиските.

Најголемата предност на оваа полиса е инкорпорираната штедна компонента која гарантира 30% поврат на вложените средства при доживеан истек на осигурувањето. Всушност, кредитобарателот склучува полиса која му гарантира исплата на фиксна осигурена сума во случај на немил настан, но доколку не дојде до активирање на полисата добива загарантиран поврат на 30% од вложените средства.

“Ова е уникатен производ кој е креиран според потребите на клиентите кои се корисници на станбени кредити во Халкбанк. Станува збор за полиса која клиентите ќе можат да ја плаќаат годишно се до отплата на станбениот кредит, а им овозможува осигурување со фиксна осигурена сума во случај на смрт од болест или незгода, со целосно покритие во случај на смрт од CoVid-19. Дополнително, ова е и единствено осигурување поврзано со кредит кое гарантира и поврат на вложените средства при доживување на истекот на полисата. Сметаме дека понудивме навистина квалитетен и максимално корисен продукт.” – велат од Триглав Осигурување Живот АД Скопје.

Сè ќе биде во ред.

Осигурување

Бројот на претставки решени во корист на осигуреници зголемен за 37%, најчесто се жалат на основ за исплата и висина на надомест

Објавено

на

Продолжува да расте бројот на претставки кои до АСО ги поднесуваат незадоволни осигуреници што укажува на заклучок дека осигурениците ја препознаваат посветеноста на менаџментот и вработените на АСО во заштитата на правата на осигурениците. Очекувано најбројни, во првите три месеци годинава, се поплаките на осигуреници при обештетување од автомобилска одговорност. Во овој период не била поднесена претставка само за една од вкупно 16 компании за осигурување. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Вилма Учета Дузлевска на нова меѓународна позиција во рамки на Групацијата Триглав

Објавено

на

По петнаесетина години поминати во осигурителниот сектор во земјава, од кои дванаесет на главна извршна позиција, Вилма Учета Дузлевска заминува од кормилото на Триглав Осигурување Живот. Надзорнот Одбор на Триглав Осигурување со седиште во Република Хрватска ја назначи Учета Дузлевска за Претседател на Управниот Одбор, а позицијата ќе ја извршува по добивање на потребните согласности од страна на хрватските надлежни тела. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Триглав Осигурување со нов производ за осигурување на дом – Мој дом

Објавено

на

Триглав Осигурување го воведува Мој дом – нов производ за осигурување на домот. Мој дом нуди избор на повеќе пакети на покритија. Клиентите имаат можност да изберат пакет во согласност со нивните потреби и можности, како и да додадат во својот пакет одредени дополнителни покритија и предмети на осигурување и на тој начин самите да го креираат осигурувањето за својот дом. (more…)

Продолжи со читање

Популарно