Connect with us

Анализи

Триглав Осигурување Живот со најголем раст во сите сегменти на пазарот за животно осигурување

Објавено

на

Животното осигурување и во вториот квартал од оваа година забележува раст што е позитивен индикатор за движењата на пазарот за осигурување.

Растот од 9,62% во премија и 36,3% во бројот на продадени полиси ги прави овие класи со најголем раст на вкупниот пазар, покрај растот на здравственото осигурување. Значајно за забележување е дека класичното осигурување на живот оваа година има поголем апсолутен раст во споредба со осигурување на живот кога инвестицискиот ризик е на товар на осигуреникот, т.н. унит линк производи, тренд кој не беше присутен изминатите две години. Ниту една од компаниите чија дејност е животно осигурување сеуште нема реализирана премија во класа 20 – брак и породување.

Согласно податоците објавени на страницата на Агенција за супервизија на осигурување, трендот на динамичен раст и во вториот квартал од годината го задржува Триглав Осигурување Живот, со пораст во сите сегменти од работењето. Оваа Компанија годинава ги надминува сите параметри на конкурентите.

Имено, во првото полугодие од годината, Триглав Осигурување Живот има троцифрен раст на премијата и најголем апсолутен пораст на премијата на пазарот, над 45 милиони денари, што значително ја издвојува Компанијата во овој сегмент. Последно основаната Компанија на пазарот за животно осигурување, оваа година забележува и најголем скок во пазарниот удел, двојно поголем во однос на минатата година. Во бројот на продадени полиси предничи со дури 60% пазарен удел во 2021 година. Реална претпоставка е дека ваквите позитивни придвижувања се резултат на поврзувањето со неколку деловни банки во РСМ во доменот на банко осигурувањето.

Позитивни придвижувања, забележуваат и Уника Лајф и Винер Лајф и во раст на премијата и во бројот на продадени полиси. Значајно за забележување е дека Винер Лајф е единствена компанија на пазарот која има структура на реализирана премија во која предничи осигурувањето на живот кога инвестицискиот ризик е на товар на осигуреникот, т.н. унит линк производи. И двете компании имаат умерен но стабилен раст изминатите неколку години.

Типично за овој пазар е што во изминативе две години најголемите компании во овој сегмент, Кроациа Осигурување Живот и Граве Осигурување на живот забележуваат пад во своето работење. Во вториот квартал од оваа година најголем апсолутен пад на премијата има Граве Осигурување на живот, додека Кроациа Осигурување Живот има најголем пад во бројот на продадени полиси, 36% проценти помалку во однос на минатата година.

Иако Кроациа Осигурувањеима значителен пад на премијата неколку квартали по ред, сеуште ја има првата позиција на пазарот за животно осигурување во РСМ.

Анализи

АНАЛИЗА: Македонските банки со рекордни профити, но далеку зад банките во регионот

Објавено

на

Рекордниот раст на профитите на банките во текот на оваа година предизвика многу коментари и бурни реакции. Со нетрпение се очекуваат годишните финансиски извештаи на банките за да се види до каде ќе стигнат добивките на банките за 2023 година, односно на кое ниво ќе бидат поставени рекордите.(more…)

Продолжи со читање

Анализи

ММФ: Народната банка соодветно ја затегна монетарната политика и придонесе за значително забавување на инфлацијата

Објавено

на

„Народната банка презеде соодветни мерки за затегнување на монетарната политика коишто осигурија преполовување на инфлацијата во однос на ланскиот максимум“, се наведува во завршните согледувања на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), којашто од крајот на октомври, досега, престојуваше во нашата земја како дел од редовните консултации коишто произлегуваат од членството на земјава во ММФ, како и во рамките на дискусиите околу Првиот преглед на кредитната линија за претпазливост и ликвидност (ПЛЛ). „Ваквата поставеност придонесе и за одржување на стабилноста на девизниот пазар, којашто беше надополнета и со преземените макропрудентни мерки, преку кои се зајакнува отпорноста на банкарскиот сектор, којшто и натаму е стабилен и ликвиден“, се наведува од страна на Мисијата.   (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Дали заврши времето на евтини потрошувачки кредити? Каматите се движат кон нивото од 2015 година!

Објавено

на

Полека, но сигурно се губи атрактивноста на потрошувачките кредити на банките како „куповна моќ“ на граѓаните за задоволување на некакви желби и потреби од секојдневието. Дефинитивно веќе не е време на примамливи каматни стапки, кои ги правеа потрошувачките кредити „евтино“ решение за обезбедување финансиски средства за некое патување, опремување на домот, школување… Дали времето на „евтините“ потрошувачки кредити дефинитивно заврши или пак ова е само привремен тренд наметнат од инфлаторните притисоци на пазарите? (more…)

Продолжи со читање

Популарно