Анализи
АНАЛИЗА: Триглав Живот забрзано го освојува пазарот на животно осигурување

Во ситуација на голема економска криза која создава потенцијална недоверба за инвестирање на заштедите или тековен прилив на средства на граѓаните од нашата земја направивме истражување како нашите сограѓани управуваат со своите средства во вакви неизвесни состојби и колку имаат доверба во осигурувањето, поведени од фактот дека официјалните податоци на Агенцијата за осигурување покажуваат двоцифрени стапки на пораст на осигурувањето на живот.
И ако досега бевме научени да гледаме високи годишни стапки на раст на депозитите во банките, со состојба 30.06.2022 забележан е годишен раст на депозитната маса од 1,8% во износ од 130 милиони евра, на вкупен износ од 7,4 милијарди евра. Многу е поголем растот на кредитите кој за истиот период, на годишно ниво изнесува 10% или пораст за 600 милиони евра. Едноставно кажано, банките повеќе даваат средства отколку што прибираат, но сето тоа не треба да загрижува бидејќи банкарскиот сектор е оценет со висока ликвидност.
Ако ги знаеме овие податоци, тогаш за изненадување е растот во друг сегмент од финансискиот систем – осигурувањето на живот. Имено, податоците на Агенцијата за супервизија на осигурувањето покажуваат пораст на премијата за 17,2%, на вкупен износ од 17,3 милиони евра во првото полигодие од 2022 година.
Резултатите до кои дојде Банкарство.мк покажуваат дека заклучно со 30.06.2022 година Триглав осигурување Живот во споредба со останатите друштва има најголем процентуален раст на премијата од 149,1% споредбено со минатата година, па не е тешко да се заклучи дека токму оваа компанија била генераторот на вкупниот раст на пазарот, со пораст на нивната премија за скоро 1,8 милиони евра. Додека целиот пазар пораснал вкупно 2,5 милиони евра. Останатите компании за животно осигурување забележуваат незначителен раст во нивната премија, но со пад во нивниот пазарен удел. Пад и во премијата и во пазарниот удел забележува само една компанија за осигурување на живот.
Во однос пак на продадени полиси за осигурување на живот повторно Триглав осигурување Живот е на највисокото место со продадени 23.664 полиси во првите шест месеци од 2022 година, по што следат Уника а.д. Скопје со 5.911, Кроација Осигурување – Живот АД со 2.353, Винер Лајф 1.729 и Граве со 591 продадена полиса.
Се поставува прашањето, како оваа најмлада компанија на пазарот, Триглав осигурување Живот, основана само пред неколку години и без акумулирана премија низ годините која ја имаат на располагање останатите компании на пазарот успеа да ги постигне овие резултати?! Нашите анализи покажаа дека клучот е во линкувањето со банкарскиот сектор и развојот на банкоосигурувањето, кое оваа компанија постојано го потенцира како свој адут. Неспорен е фактот и дека е управувана од искусен тим кој често пати е сивата еминенција на сите битни движења на пазарот за животно осигурување и ставови кои бараат стручна мисла во овој домен.
Ќе оцениме дека ваквите растови во услови на криза се за поздравување. Не треба да се занемари и дека перспективните и дефицитарни со кадар сектори почнаа во осигурувањето на живот да гледаат инструмент за задржување на своите вработени. Ова особено се однесува на компании од ИТ индустријата кои се соочени со недостаток на работна сила па од низата привилегии кои ги нудат за задржување на своите вработени овозможуваат сигурност преку полиса за осигурување живот како награда за лојалност.
За крајот, останува да се надеваме дека најавената даночна реформа која предвидува оданочување на каматите на депозитите но и на животното осигурување нема драматично да влијание на движењата на овие сегменти.
Анализи
АНАЛИЗА: Стопанска банка АД – Скопје е банката која најмногу ги кредитирала граѓаните во 2022 година

Според податоците на Народната банка за банкарскиот сектор во земјата за 2022 година, Стопанска банка АД- Скопје е банката која најмногу ги кредитирала граѓаните, односно домаќинствата. (more…)
Анализи
8 МАРТ АНАЛИЗА: Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?

Со цел утврдување на статусот на жената во општеството, Банкарство.мк спроведе истражување на тема „Жените во Управните одбори на банките во Република Северна Македонија”. Истражувањето ја опфаќа процентуалната застапеност на жените во Управните одбори на банките во Македонија, па за таа цел беа анализирани сите банки. (more…)
Анализи
АНАЛИЗА: Зголемен интересот за осигурување при земање банкарски заем од приватни лица – Триглав Осигурување Живот на врвот на листата со продадени полиси за осигурување на кредитобарателите

Откако Агенцијата за супервизија во осигурувањето извести за движењата во третиот квартал од минатата година на осигурителниот сектор, Банкарство.мк направи свој краток осврт за тоа какви се резултатите на компаниите кои се грижат за сигурноста на нашите граѓани, а какви се и искуствата на клиентите, кои се нивните потреби и кое е нивото на култура за инвестирање и осигурување кај нас. (more…)
- Анализипред 2 weeks
8 МАРТ АНАЛИЗА: Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Анализипред 2 months
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Интервјуапред 2 months
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Интервјуапред 2 months
Очекувања 2023 година | Д-Р БИЛАЛ СУЏУБАШИ, ХАЛКБАНК АД СКОПЈЕ
- Банкипред 1 week
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка