Connect with us

Осигурување

Триглав Осигурување Живот во соработка со НЛБ Банка поблиску до клиентите, успешна промоција на Унит линк производот во експозитурите низ целата држава

Објавено

на

Денес успешно заврши караванот за финансиско советување за небанкарски производи кој се одржа во времетраење од 30 дена во месец Мај каде Триглав осигурување Живот имаше можност да ги едуцира и насочува клиентите на НЛБ Банка како мудро да изберат на кој начин да ги инвестираат своите финансиски средства и како да добијат најголем принос на истите, а најсреќните клиенти кои успешно го решија интерактивниот квиз кој беше составен од неколку прашања поврзани со услугите на Триглав осигурување Живот и НЛБ Банка беа наградени со прекрасни промотивни подароци.

Стратешката соработка на НЛБ Банка со Триглав осигурување Живот нуди ексклузивна можност клиентите да добијат нов и уникатен пристап при одлуката за инвестирање и распределба на финансиските средства преку Унит линк производот кој претставува нов, инвентивен продукт и е единствен на пазарот кај нас.

Производот нуди опција за балансирана распределба и инвестирање на средства во удели на инвестициски фондови а истовремено прави баланс помеѓу делот од премијата која служи за купување на удели во инвестициски фонд и премија која овозможува загарантирано осигурително покритие во случај на смрт на осигуреникот.

Остануваме и во иднина насочени кон подигнување на финансиската писменост на нашите граѓани кои може да добијат совет и дополнителна информација за Унит линк можноста за инвестирање од високо обучените банкарски службеници во секоја експозитура на НЛБ Банка низ целата Држава, а контакт центарот за грижа на корисници на Триглав осигурување Живот со бесплатниот телефонски број 0800 04444 е отворен за сите граѓани кои имаат потреба од консултација и било каков совет поврзан со избор на производ, можност за инвестирање или распределба на финансиски средства.

Триглав Осигурување Живот, за живот со насмевка!

Осигурување

Започна пријавувањето за бесплатниот Тренинг центар за образование и кариера во Винер Лајф

Објавено

на

Деновиве Винер Лајф претстави нова иницијатива за унапредување на развојот на млади и амбициозни кадри, кои сакаат да се стекнат со сертификат, вработување и напредување во кариерата во областите на менаџирање на продажбата на финансиски услуги. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Триглав oсигурување Живот АД Скопје одбележа 5 години постоење на македонскиот пазар

Објавено

на

Триглав oсигурување живот АД Скопје во присуство на бројни гости од земјава и странство, соработници и партнери кои изминатите години ја дадоа својата доверба и поддршка, го одбележа својот петгодишен јубилеј на успешно делување на македонскиот пазар за осигурување. Компанијата е основана како најмладо друштво за животно осигурување на пазарот за осигурување во 2017 година, со одлука за директна инвестиција во ново друштво и е во доминантна сопственост на групацијата Заваровалница Триглав. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Скопјани пријавија 349 осигурани штети од силното невреме, имотот на „Ист Гејт Мол“ осигуран со франшиза од 100.000 евра

Објавено

на

Граѓани и фирми од Скопје пријавиле осигурани штети во сите 11 осигурителни компании. Активно осигурување имот имаат речиси 51.000 скопјани, а 215 од нив пријавиле штети во  силното невреме што на крај на август го зафати централното градско подрачје. Од сите 349 штети во една осигурителна компанија се пријавени дури 117. (more…)

Продолжи со читање

Популарно