Connect with us

Осигурување

Триглав Осигурување донираше опрема на ЈЗУ Специјална Болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ – Чаир

Објавено

на

Триглав Осигурување даде поддршка на Специјалната Болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ Чаир, со донирање на гинеколошки кревет за третман и преглед, со цел да и овозможи на оваа здравствена установа да ги унапреди условите за работа, како и да ја подобри услугата, којашто болницата ја обезбедува за своите пациенти.

“Превентивата во секој сегмент од нашиот живот е приоритет за нас во Триглав Осигурување. Сметаме дека таа придонесува кон побезбедна иднина за сите нас, иднина, за која што можеме да планираме и да сонуваме. Токму затоа, нашиот фокус на здравственото осигурување, посветеноста и промоцијата на здрав начин на живот и воопшто, подобрувањето на условите во здравството е од толку големо значење. Искрено се надеваме дека со оваа донација придонесовме кон подобар квалитет на услуги на болницата, и секако ќе продолжиме и натаму да го помагаме овој витален сегмент од нашето општество”, изјави во оваа прилика Главниот извршен директор на Триглав Осигурување, г. Ѓорѓе Војновиќ.

“Не помалку значаен е фактот дека со обезбедување на нов гинеколошки кревет за третман и преглед на одделот за ургентна гинекологија, одделот ќе може да ја покрива патологијата која ја третира и во вечерните часови, не префрлувајќи ги тогаш пациентките за евалуација на оперативниот оддел. На тој начин ќе се намали раздвижувањето на пациентките, што во услови на пандемија е исклучително важно, ќе се намали вознемиреноста и ќе се обезбеди поголема дискретност за пациентките и конечно, ќе се почитува и принципот на немешање на патологија меѓу одделенијата. Со обезбедувањето на овој стол, непречено ќе можат да се изведуваат голем број на дијагностички и терапевтски постапки”, изјави во оваа прилика Д-р.сц.мед Башким Исмаили, директор на ЈЗУ Специјална Болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“- Чаир.

Осигурување

Над 281.000 граѓани имаат животно осигурување, вложиле осум милиони евра за три месеци

Објавено

на

Петте компании за животно осигурување, во првиот квартал, склучиле нови 14.000 договори со кои животите ги осигурале над 20.000 граѓани. Од вложените 8 милиони евра во класичните осигурителни производи: ризико и осигурување со штедна компонента се вложени 6,3 милиони евра, а останатите се инвестирани во „јунит линкд“ осигурување. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Шпаркасе Банка го воведува UnitLinked во соработка со Винер Лајф Виена Иншуренс Груп АД Скопје

Објавено

на

Шпаркасе Банка АД Скопје, во соработка со Винер Лајф Виена Иншуренс Груп АД Скопје како стратешки долгорочен партнер и инвестицискиот фонд WVP, го збогатува своето портфолио на осигурителни производи, преку воведување на нов производ – Unit Linked, кој нуди животно осигурување со инвестирање. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

СМАРТ потрошувачки кредит на TTK Банка АД Скопје во соработка со Триглав Осигурување Живот АД Скопје со многу нови поволности и привилегии за клиентите

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје, во соработка со Триглав Осигурување Живот АД Скопје, следејќи ги потребите на клиентите, воведе низа новини и привилегии за своите клиенти со цел заштеда на семејниот буџет и подигнување на свеста за здрави животни навики. (more…)

Продолжи со читање


Популарно