Осигурување
Триглав Осигурување донираше заштитни одела


Триглав Осигурување донираше 1.000 заштитни одела на Министерството за здравство, наменети за ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје. Донацијата има за цел поддршка на јавното здравство и заштита на медицинскиот персонал, кој несебично се бори за спречување на пандемијата, предизвикана од вирусот Ковид-19.
Триглав Осигурување даде поддршка на јавните здравствени институции, со донирање на 1.000 заштитни одела, кои го штитат здравствениот персонал при работа во услови на пандемија.
“Заштитните одела се наменети за медицинските работници, кои се во првата линија во борбата против пандемијата. Затоа, лично, и во име на сите вработени во Триглав, би сакал да упатам голема благодарност до нив, за нивната несебична и пожртвувана работа. Воедно, би сакал да апелирам сите да се придржуваме до мерките на надлежните институции и да помогнеме на тој начин во борбата со пандемијата. Само на тој начин, со заеднички сили, ќе им помогнеме на здравствените работници и ќе го сочуваме нашето и здравјето на сите околу нас”, изјави во оваа прилика Главниот извршен директор на компанијата, г. Ѓорѓе Војновиќ.
Согласно препораките и одлуките на Владата на Република Северна Македонија, поврзани со појавата на Ковид-19, Триглав Осигурување АД, Скопје, континуирано воведува мерки за превенција и заштита на вработените и на клиентите.
Осигурување
Успеси кои немаше да бидат постигнати без поддршката на Халк Осигурување


Ристо Вуков Рико, македонски автомобилист, ја заврши дебитантската сезона во престижниот Порше Карера Куп во Италија. Борбеноста, упорноста и истрајноста му обезбедија одлично место во сезоната во Порше Карера ГТ3-купот и, секако, во својот клуб ГДЛ Рејсинг. (more…)
Осигурување
Мој миленик – нов пакет на пазарот од Триглав Осигурување


Триглав Осигурување воведува нов пакет на пазарот, Мој миленик, наменет за осигурување на кучиња. Пакетот обезбедува лекување на милениците и осигурување од ризиците смрт од болест и од несреќен случај. Триглав, во рамките на пакетот, бесплатно го вклучува и MyKi уредот за следење, како дополнителна алатка за што подобра безбедност на милениците. (more…)
Осигурување
Адвокатот Мирослав Вујиќ избран за член на Надзорниот одбор на Триглав пензиско друштво


Триглав пензиско друштво АД Скопје преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за промени во Надзорниот одбор на Друштвото. (more…)
- Домашни банкипред 3 weeks
ГО “БУТНАА” ИНТЕРНЕТОТ: Вработените на УНИБанка танцуваат на „Jerusalema“ пред експозитура Плоштад
- Останатопред 2 months
Колку изнесува К15 за оваа 2020 година?
- Business Manпред 2 months
Божидар Јанковски стана сопственик на Динерс Клуб Интернационал МАК ДООЕЛ
- Анализипред 2 months
Која македонска банка планира да го нападне тронот во банкарскиот сектор!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Business Manпред 2 months
Владо Цекиќ избран за Млад менаџер во Македонија за 2020 година
- Анализипред 2 months
Во Македонија има 1.301 премиум пензионери!