Connect with us

Осигурување

Триглав Осигурување АД Скопје склучува Договор за реосигурување со Триглав Ре

Објавено

на

Одборот на директори на Триглав Осигурување АД, Скопје, на 166-та седница одржана на ден 29.04.2020 година, донесе Одлука за одобрување на склучување на Договор за реосигурување на посеви и плодови за сезоната 2020 година со Триглав Ре број 0202-4159, врз основа на која е склучен Договор за реосигурување на посеви и плодови за сезоната 2020 година помеѓу Триглав Осигурување АД, Скопје и Триглав Ре, Љубљана Словенија.

Вредноста на договорот изнесува 73.710 евра, а неговата реализација ќе зависи од настанувањето на штетен настан за предметот на реосигурување.

Капиталната поврзаност помеѓу Триглав Осигурување АД, Скопје и Триглав Ре, Љубљана Словенија произлегува од тоа што двете друштва се членки на  Групацијата Триглав.

Осигурување

Сава пензиски фонд и Сава пензија плус примија приливи од камати и дивиденди од компании како Henkel AG & CO KGAA; Basf SE; Rоyal Dutch Shell PLC-A SHS, Bank Of America Corp.

Објавено

на

Средствата на членови на пензиските фондови се инвестираат во најразлични финансиски инструменти дома и во странство се со цел остварување на соодветен принос кој се распределува пропорционално на сметките на сите членови. Токму затоа од Сава пензиско друштво редовно ги информираат членовите на пензиските фондови Сава пензиски фонд и Сава пензија плус за пристигнатите приливи по основ на дивиденди и камати. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Домаќинско осигурување од Халк Осигурување со 25% попуст за вработени во здравствени установи и МВР

Објавено

на

Во услови на пандемија со вирусот Ковид-19, кога целиот товар паѓа врз здравствените работници, но и на вработените во МВР, Халк Осигурување одлучи да им се заблагодари на хероите од првите борбени редови, кои се грижат за нашето здравје и безбедност, обезбедувајќи 25 проценти попуст на полиса за домаќинско осигурување за сите вработени во здравствени установи и МВР! (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Еуролинк Осигурување АД Скопје оствари добивка од 1,9 милиони денари во 2019 година

Објавено

на

Еуролинк Осигурување АД Скопје преку Македонска Берза објави ревидиран финансиски извештај за периодот 01.01.-31.12.2019 година. (more…)

Продолжи со читање

Популарно