Осигурување
Триглав Осигурување АД Скопје склучи Договор за реосигурување со Триглав Ре Љубљана


Одборот на директори на Триглав Осигурување АД, Скопје, на 184-та седница одржана на ден 20.01.2022 година, донесе Одлука за одобрување на склучување на Договори за реосигурување за 2022 година со Триглав Ре Љубљана бр.0202-579 од 20.01.2022 година, врз основа на која нa ден 27.01.2022 година е склучен Договор за реосигурување за 2022 година помеѓу Триглав Осигурување АД, Скопје и Триглав Ре Љубљана.
Во склучениот договор за реосигурување за 2022 година вредноста на Договорот за реосигурување на вишок штети од зелена карта изнесува 206.200 ЕУР; вредноста на Договорот за реосигурување на катастрофални штети изнесува 53.750 Евра; вредноста на Договорот за реосигурување на вишок на штети за транспорт изнесува 1.400 ЕУР; вредноста на Договорот за реосигурување на вишок на штети за каско изнесува 21.820 ЕУР, вредноста на Договорот за реосигурување на вишок на штети за незгода изнесува 6.430 ЕУР, додека за останатите реосигурувања вредноста ќе се определува по основ на пријавени ризици во текот на годината.
Капиталната поврзаност помеѓу Триглав Осигурување АД, Скопје и Триглав Ре Љубљана произлегува од тоа што двете друштва се членки на Групацијата Триглав.
Домашни банки
Триглав Осигурување Живот, во соработка со НЛБ Банка со нов Унит Линк производ


Триглав Осигурување Живот, во соработка со НЛБ Банка, го збогати своето портфолио на продукти и понуди нов, атрактивен Унит Линк производ, кој покрај балансирана распределба и инвестирање на средства во удели на инвестициски фондови, нуди и животно осигурување со штедење. (more…)
Анализи
АНАЛИЗА: Триглав Осигурување Живот со двојно повисок удел на пазарот – високи 17% во првиот квартал од 2022 година


Иако последните години се покажаа како исклучително тешки поради негативните влијанија и отежнато работење предизвикани од пандемијата како и политичката и економска криза во Европа, сепак пазарот на животно осигурување во земјава е во значителен пораст. Според прелиминарните податоци добиени од Националното биро за осигурување, бруто полисираната премија за животно осигурување за првиот квартал од 2022 година бележи пораст за 19,20% споредбено со истиот период во 2021 година, во вкупен износ од 494 милиони денари, што покажува дека животното осигурување полека но сигурно го зазема местото на еден од примарните избори за осигурување на граѓаните во земјата. (more…)
Осигурување
АСО реши 4 пати повеќе претставки во корист на осигуреници


Транспарентното работење на менаџментот на АСО придонесе да расте бројот на претставки добиени од осигуреници за работата на осигурителните компании. За три месеци АСО постапи по 52 претставки што е тројно повеќе од лани. Најбројни, во првите три месеци годинава, се поплаките на осигуреници при обештетување од автомобилска одговорност покриенa со европски извештај. Нивниот број е зголемен за речиси четири пати. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 2 months
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Кредитипред 3 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 2 months
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 1 week
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје