Connect with us

Осигурување

Триглав Осигурување АД Скопје склучува Договор за реосигурување со Триглав Ре

Објавено

на

Одборот на директори на Триглав Осигурвање АД, Скопје, на 177-та седница одржана на ден 07.05.2021 година, донесе Одлука за одобрување на склучување на Договор за реосигурување на побарувања со Заваровалница Триглав бр.0202-4739 од 07.05.2021 година, врз основа на која  на ден 28.05.2021 година е склучен Квотен Договор за реосигурyвање на побарувања помеѓу Триглав Осигурување АД, Скопје и Заваровалница Триглав д.д., Љубљана.

Вредноста на договорот зависи од вкупната премија што ќе биде направена за осигурување на побарувања. За лимити до 1.000.000 ЕУР во реосигурување ќе биде предадена 95% од премијата, додека за лимити до 3.000.000 ЕУР во реосигурување ќе биде предадена 98,5% од премијата.

Капиталната поврзаност помеѓу Триглав Осигурување АД, Скопје и Заваровалница Триглав д.д., Љубљана произлегува од тоа што двете друштва се членки на Групацијата Триглав.

Осигурување

Кроација Осигурување – Живот купува 5.800 акции во Кроација Осигурување – неживот!

Објавено

на

Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија на 109-тата седница со која претседаваше Претседателот на КХВ М-р Нора Алити донесе Решение со кое на Кроација Осигурување АД Друштво за неживотно осигурување Скопје му се дава одобрение за издавање на четврта емисија на акции по пат на приватна понуда. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

АСО: Осигуреници наплатија 15 милиони евра од штети за три месеци, 9,5% повеќе од лани

Објавено

на

Износот на исплатени штети покриени со неживотни осигурувања порасна за 9,5 отсто во првиот квартал годинава во однос на истиот период лани. Вкупно се исплатени 15 милиони евра за обештетување, а најмногу штети исплатиле „Триглав Осигурување“, „Сава Осигурување“, „Халк Осигурување“, „Уника“ и „Еуролинк“. Најголем раст на исплатени штети,  има кај дополнителното здравствено осигурување – 92% повеќе од првото тромесечје лани. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Измени во органите на управување и раководење на Кроациа осигурување АД – Друштво за осигурување на живот Скопје

Објавено

на

Кроациа осигурување АД – Друштво за осигурување на живот Скопје преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување на компанијата. (more…)

Продолжи со читање


Популарно