Connect with us

Компании

Триглав Осигурување АД Скопје оствари добивка од 31,2 милиони денари за девет месеци во 2021 година

Објавено

на

Tриглав Осигурување АД, Скопје во третиот квартал од 2021 година оствари нето добивка од 48.741 илјади денари. Гледано кумулативно, заклучно со 30.09.2021 година остварена е нето добивка од работењето во износ од 31.168 илјади денари.

Нето приходите од премија за 2021 година изнесуваат 657.654 илјади денари, кое што претставува намалување во однос на 2020 година за 5,8%, односно за 40.473 илјади денари. Гледано аналитички, причините за намалувањето се:

  • Раст на бруто премијата за 81.647 илјади денари, што делуваше позитивно на нето приходите од премијата;
  • Раст на премијата предадена во реосигурување и соосигурување за 43.804 илјади денари, што делуваше негативно на нето премијата.
  • Промената во нето резервите за преносна премија, во споредба со 2020 година, влијаеше негативно за 78.316 илјади денари.

Приходите од финансиски вложувања изнесуваат 40.736 илјади денари и се за 1,6% повисоки од 2020 година. 72% од овие приходи се однесуваат на камати, а 6% се однесуваат на приходи од наемнини. Останатите приходи од вложувања главно произлегуваат од реализирана капитална добивка од продажба на финансиски средства.

Растот на овие приходи во однос на минатата година се должи на остварените капитални добивки кои го надоместија дополнителниот пад на каматни стапки на финансиските инструменти.

Приходи по основ на провизии од реосигурување изнесуваат 61.170 илјади денари и се повисоки за 8.713 илјади денари, односно за 17% во однос на 2020 година, во согласност со повисоката премија предадена во реосигурување.

Oстанати приходи на осигурување остварени се во износ од 6.271 илјади денари и бележат минимален раст од 6%.

Oстанатите приходи се во износ од 10.641 илјади денари и бележат раст од 14%. Главна причина за растот е тоа што оваа година имаме повисоки приходи од рефундации од Националното биро по основ на исплатени штети.

Во делот на расходите, Друштвото ги оствари следниве резултати:

Нето расходите за штети се во износ од 342.439 илјади денари и се за 10.839 илјади денари (3%) пониски од минатата година, главно поради поголемиот обем на штети покриени од реосигурителите.

Останатите технички резерви се за 1.542 илјади денари намалени поради намалените резервации за менаџерско осигурување (дел од Класата 1 – Осигурување од незгода).

Трошоците за бонуси и попусти изнесуваат 25.200 илјади денари и се зголемени за 13% во однос на минатата година, главно како резултат на зголемените попусти во класа 02- здравствено осигурување.

Нето трошоците за спроведување на осигурувањето во деловната 2021 година изнесуваат 322.274 илјади денари што претставува раст од 1% или 3.069 илјади денари во однос на истиот период претходната година. Најголемо влијание за растот имаше позицијата „трошоци за стекнување“, а кои се зголемени за 5.388 илјади денари (индекс од 103).

Трошоци од вложувања се во износ од 1.411 илјади денари и претставуваат намалување од 59% во однос на минатата година. Намалувањето се должи на пониско остварената загуба на придруженото друштво Триглав Живот.

Останати осигурително технички трошоци се во износ од 50.330 илјади денари и ова претставува раст од 10%. Главна причина за растот е префрлувањето на одредени трошоци кои претходно се водеа како „нето трошоци за спроведување на осигурувањето“ (адвокатски, нотарски и судски трошоци за наплата на премии, регреси и решавање штети).

Вредносно усогласување на побарувањата е зголемено за 3.470 илјади денари. Главна причина за зголемувањето е тоа што од 01.01.2021 година, согласно законската регулатива, повторно се применува старата методологија пропишана од Агенцијата за супервизија на осигурувањето, согласно која роковите за почеток на пресметување на исправка на побарување по основ премија се пократки.

Компании

Во тешки околности, раст на приходите и добивката на Групацијата Триглав

Објавено

на

Во тешките околности од првиот квартал од 2022 година, Групацијата Триглав ги зголеми вкупните приходи за 12% (442,9 милиони евра) и го зголеми обемот на бруто полисираната осигурителна премија (407,1 милиони евра) за 10% во споредба со истиот период минатата година. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Оглас за вработување во Штедилница Можности

Објавено

на

Градете ја својата кариера и развивајте се како професионалец во областа на кредитирање и финансии со Штедилница Можности. Ако се идентификувате со визијата и мисијата на компанијата и ве интересира кредитирање и финансии, Штедилница Можности вработува: (more…)

Продолжи со читање

Компании

Ванчо Чифлиганец и Адора ќе добијат енормни 3,1 милиони евра дивиденда од Комерцијална банка!

Објавено

на

Во периодот од 01.01-31.12.2021 година Комерцијална банка АД Скопје од своето работење оствари добивка пред оданочување во износ од 2.504,6 милиони денари наспроти 2.067,1 милиони денари во 2020 година, што претставува пораст од 21,2%. Планираната добивка за анализираниот период е реализирана со 127,1%. Данокот на добивка во 2021 година изнесува 200,3 милиони денари, а нето-добивката за годината изнесува 2.304,3 милиони денари, или 20,5% повеќе во однос на минатата година. (more…)

Продолжи со читање


Популарно