Осигурување
Триглав Осигурување АД Скопје оствари добивка од 15,2 милиони денари во 2020 година


Триглав Осигурување АД Скопје, заклучно со 31.12.2020 година оствари нето добивката од работењето во износ од 15.246 илјади денари, стои во финансискиот извештај на компанијата објавен на Македонска берза.
Нето приходите од премија за 2020 година изнесуваат 915.173 илјади денари, коешто претставува намалување во однос на 2019 година за 8,3%, односно за 83.049 илјади денари.
Гледано аналитички како причини за намалувањето се наведуваат:
- пад на бруто премијата за 193.274 илјади денари, што делуваше негативно на нето приходите од премијата;
- пад на премијата предадена во реосигурување и соосигурување за 75.643 илјади денари, што делуваше позитивно на нето премијата. Во 2020 година, кај фронтинг полисите се забележува намалување од 73 милиони денари во однос на минатата година (2020 година: 193 милиони мкд, 2019 година: 266 милиони денари) и
- промената во нето резервите за преносна премија влијаеше позитивно за 47.567 илјади денари, во споредба со 2019 година кога влијаеше позитивно за 12.986 илјади денари.
Приходите од финасиски вложувања изнесуваат 52.346 илјади денари и бележат раст во однос на истиот период од претходната година за 10,1%.
Приходи по основ на провизии од реосигурување се повисоки за 1.780 илјади денари, односно за 3% во однос на 2019 година.
Целосниот финансиски извештај на Триглав Осигурување АД Скопје можете да го погледнете на следниот линк.
Осигурување
ДВОЈНА ОСИГУРЕНА СУМА – Затоа што сигурноста на Вашите најблиски е наша основна цел


Осигурувањето на живот е современ начин на обезбедување сигурност за Вас и Вашите најблиски. Интегрираноста на осигурителната и штедната компонента е тоа што го разликува осигурувањето на живот од другите финансиски производи. Практично, при самото склучување на договорот, осигурителната компанија Ви гарантира исплата на осигурена сума во случај на смрт, или пак исплата на сума за доживување, во вид на поврат на вложени средства, по истекот на осигурителниот период. (more…)
Осигурување
Најголемата исплатена штета е за осигурување имот и изнесува 382.000 евра


Меѓу најголемите поединечни исплатени штети пет се за осигурување од задолжителна автомобилска одговорност, четири од осигурување имот. Најголемата исплатена сума за штета од каско изнесува 94.000 евра, а за покритие од зелен картон е платено обештетување од 221.000 евра. (more…)
Осигурување
Триглав полиса за корисниците на кредит која во целост ги покрива вашите кредитни обврски


Кредитите и кредитните картички неретко се потреба за финансирање на нашите барања, желби и соништа. Практично, голем дел од нас поседуваат кредит или кредитна картичка. Но, дали сте пресметале колку изнесува Вашето кредитно задолжување? Колку Вашето семејство финансиски зависи од Вас? (more…)
- Анализипред 1 week
Експертите советуваат: Не ги повлекувајте заштедите од банките бидејќи банкарскиот систем е стабилен, а штедните влогови се безбедни!
- Анализипред 1 month
Која е најмоќната и најбогата македонска банка!?
- Домашни банкипред 1 week
На шпекулациите дека “пропаѓа”, Стопанска банка АД – Скопје одговори со профит од 9,2 милиони евра за три месеци
- Анализипред 2 months
8 МАРТ АНАЛИЗА: Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Банкипред 2 months
Огласи за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија
- Кредитипред 3 weeks
Онлајн кредити до 50.000 денари
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Интервјуапред 2 weeks
Интервју со ИГОР ДАВКОВ, Извршен директор на Скопје Ист Гејт и неговиот тим: Креираме вредност за закупците и посетителите