Connect with us

Осигурување

Триглав осигурување АД Скопје оствари добивка од 4,4 милиони денари за првите три месеци од 2020 година

Објавено

на

Триглав Осигурување АД Скопје преку Македонска Берза објави неревидиран финансиски извештај за периодот 01.01.-31.03.2020 година.

Триглав осигурување АД, Скопје заклучно со 31.03.2020 година оствари нето добивка од работењето во износ од 4,410 илјади денари.

Нето приходите од премија за 2020 година изнесуваат 231.819 илјади денари, кое што претставува намалување во однос на 2019 година за 8,2%, односно за 20.813 илјади денари. Гледано аналитички причините за намалувањето се:

  • Пад на бруто премијата за 26.038 денари, што делуваше негативно на нето приходите од премијата;
  • Пад на премијата предадена во реосигурување и соосигурување за 812 илјади денари, што делуваше позитивно на нето премијата;
  • Промената во нето резервите за преносна премија, во споредба со 2019 година, влијаеше позитивно за 4.412 илјади денари.

Приходите од финансиски вложувања изнесуваат 12.836 денари и бележат раст во однос на истиот период претходната година за 7,8%. 81% од овие приходи се однесуваат на камати, а 7% се однесуваат на приходи од наемнини. Останатите приходи од вложувања произлегуваат од позитивни курсни разлики. Растот во однос на минатата година е пред се реултат на поголемото финансиско портфолио, како и на повисоките приходи од курсни разлики.

Приходи по основ на провизии од реосигурување се повисоки за 13.146 илјади денари, односно за 184%, во однос на 2019 година, поради тоа што во 2019 година QS договор беше вклучен во вториот квартал.

Останати приходи на осигурување остварени се во износ од 1.572 илјади денари и бележат пад од 57%. Овој пад се должи на пониските приходи по основ на ликвидирани штети за останати осигурителни компании, како и поради пониските приходи за регресни побарувања од Гарантниот фонд.

Останатите приходи се во износ од 2.674 илјади денари и бележат пад од 12%. Главна причина за намалувањето е тоа што оваа година компанијата има пониски приходи по основ на камати од наплатени регресни побарувања.

Осигурување

Милионски приливи од камати и дивиденди на сметките во пензиските фондови Сава пензиски фонд и Сава пензија плус

Објавено

на

Пензиското штедење претставува долгорочно штедење кое има за цел зголемување на средствата на идните пензионери. Сава пензиско друштво а.д. Скопје преку активно управување со средствата од пензиските фондови обезбедува раст на вредноста на пензиските заштеди. Приносите остварени од инвестирањето на средствата ќе ги зголемат заштедите и ќе обезбедат посигурна и постабилна иднина за членовите во пензиските фондови Сава пензиски фонд и Сава пензија плус. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

ВИНЕР ЛАЈФ – Виена Иншуренс Груп АД Скопје оствари добивка од 8,5 милиони денари во 2019 година

Објавено

на

ВИНЕР ЛАЈФ – Виена Иншуренс Груп АД Скопје преку Македонска Берза објави ревидиран финансиски извештај за периодот 01.01.-31.12.2019 година. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп Скопје оствари добивка од 49,1 милиони денари во 2019 година

Објавено

на

ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп Скопје преку Македонска Берза објави ревидиран финансиски извештај за периодот 01.01.-31.12.2019 година. (more…)

Продолжи со читање

Популарно