Connect with us

Осигурување

Триглав осигурување АД Скопје оствари позитивен финансиски резултат во 2019 година

Објавено

на

Триглав осигурување АД, Скопје заклучно со 31.12.2019 оствари нето добивка од работењето во износ од 16.211 илјади денари.

Нето приходите од премија за 2019 година изнесуваат 998.222 илјади денари, кое што претставува намалување во однос на 2018 година за 10,7%, односно за 119.944 илјади денари. Гледано аналитички причините за намалувањето се:

  • Пад на бруто премијата за 604 илјади денари, што делуваше негативно на нето приходите од премијата;
  • Раст на премијата предадена во реосигурување и соосигурување за 141.551 илјади денари, што делуваше негативно на нето премијата. Во 2019 година, за прв пат се склучи новиот QS договор преку кој во реосигурување се предадоа 103 милиони денари. Дополнително, кај фронтинг полисите се забележува зголемување од 38,5 милиони денари во однос на минатата година (2019: 266 милиони денари, 2018: 228 милиони денари). Причината за порастот кај фронтинг полисите се повеќе нови договори реализирани во текот на годината.
  • Промената во нето резервите за преносна премија, во споредба со 2018 година, влијаеше позитивно за 12.986 илјади денари.

Приходите од финансиски вложувања изнесуваат 47.549 илјади денари и бележат пад во однос на истиот период претходната година од 4,6%. 88% од овие приходи се однесуваат на приходи од наемнини. Поголемиот дел од останатите приходи од вложувања произлегуваат од капитални добивки и приходи од дадени стари заеми. Падот во однос на минатата година е пред се резултат на пониските приходи од камати и капитални добивки, односно на трендот на константен пад на каматните стапки на финансиските пазари.

Приходи по основ на провизии од реосигурување се повисоки за 38.847 илјади денари, односно за 105% во однос на 2018 година, што е резултат на растот на премијата предадена во реосигурување, вклучувајќи го и новиот QS договор.

Останати приходи на осигурување остварени се во износ од 11.220 илјади денари и бележат раст од 8,7%. Овој раст се должи на повисоките приходи по основ на ликвидирани штети за останати осигурителни компании како и поради наплата на судски трошоци и останати приходи од минати години.

Останатите приходи се во износ од 12.926 илјади денари и бележат раст од 51%. Главна причина за зголемувањето е тоа што оваа година Триглав имаше повисоки приходи по основ на интелектуални услуги кои се даваат согласно СЛА договор со Триглав Живот, како и поголеми капитални добивки од продажба на основни средства како резултат на обнова на возниот парк на Друштвото.

Целосниот неревидиран финансиски извештај на Триглав осигурување АД, Скопје за периодот 01.01.-31.12.2019 година можете да го погледнете на овој линк.

Осигурување

Микро дом, нов производ на Триглав Осигурување

Објавено

на

Триглав Осигурување воведе нов производ за осигурување на дом, Микро дом, кој што клиентите можат да го користат додека се на патување во странство. Микро осигурувањето на дом се склучува во рамки на полисата за здравствено-патничко осигурување. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Денови на финансиска писменост: АСО додели награди и пофалници на 37 основци и средношколци за творби од областа на осигурувањето

Објавено

на

АСО додели награди и пофалници на 37 ученици, од основни  и средни училишта ширум земјава, за цртежи, есеи и песни на теми од областа на осигурувањето. Со оваа активност симболично АСО ги започна „Денови на финансиска писменост 2023“ кои ги организираат сите регулатори на финансискиот пазар. За значаен придонес во унапредување на финансиската писменост кај учениците АСО додели и благодарници на 20 наставници – ментори кои континуирано и посветено работат со учениците на градење на  свесноста за значењето на осигурувањето за општата благосостојба на населението. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Ексклузивна соработка на Триглав осигурување Живот и Комерцијална банка – „Инвестициско осигурување на живот“ за безгрижна финансиска иднина

Објавено

на

Понудата на современи и атрактивни финансиски производи на Комерцијална банка сега е збогатена со нов продукт – „Инвестициско осигурување на живот“. (more…)

Продолжи со читање

Популарно