Connect with us

Осигурување

Триглав – групација со солиден капитал и стабилен, профитабилен бизнис

Објавено

на

Агенцијата за кредитен рејтинг „S&P Global Ratings” (во натамошниот текст: „S&P” или агенција) по редовниот годишен преглед на ден 11.09.2020 година, на Групацијата Триглав, а со тоа и на нејзиното матично друштво и друштвото ќеркa Позаваровалница Триглав Ре, повторно ја потврди долгорочната кредитна бонитетна оценка и кредитната оценка за финансиска моќ »A« со стабилна среднорочна прогноза. Високиот рејтинг е одраз на стабилното и профитабилно работење на Групацијата Триглав, нејзината солидна капитализираност, промислената реосигурителна заштита и водечката позиција на пазарот во Словенија и во регионот. Кредитниот рејтинг „А“ е исклучиво проценка на самостојниот профил на кредитни ризици на Групацијата и не содржи никакви зголемувања, што би биле последица на поврзаноста на Групацијата со државата.

„S&P” во својот извештај го оценува профилот на ризик во работењето на Групацијата Триглав како солиден, а профилот на финансиски ризици како многу солиден. Во извештајот се наведува дека Групацијата, со својот фокус кон клиентите и во овие тешки услови обезбедува стабилно и профитабилно работење во двете активности, во осигурувањето и во управувањето со средства. Водечката позиција на словенечкиот пазар овозможува да примени економија од обем, која што ја надополнува со својата широка понуда и продажна мрежа и со употреба на силниот бренд. Профилот на ризичност на Триглав е добар, поврзан е со конзервативна инвестициска политика и со стабилна и ефективна реосигурителна заштита, додека инвестициското портфолио е квалитетно и добро диверзификувано, претежно во еврозоната. „S&P” смета дека претходно наведеното, во комбинација со дисциплинираното преземање осигурителни ризици е клучниот темел за стабилноста во работењето и за позицијата на Групацијата Триглав.

Стабилната среднорочна прогноза на кредитниот рејтинг ги рефлектира очекувањата на „S&P” дека Групацијата Триглав и во иднина, најмалку во следниот двегодишен период, успешно ќе ја одржува деловната стратегија со акцент на растот и натамошната диверзификација во работењето. Агенцијата очекува дека Групацијата Триглав, и покрај пандемијата и нејзините влијанија, ќе ги одржи доброто и стабилно работење и високата капитализираност и дека и во следните две до три години ќе ги исполнува критериумите за најмала оцена »AA«.

Осигурување

Беркан Имери именуван за нов претседател на Надзорниот одбор на Халк Осигурување АД Скопје

Објавено

на

Беркан Имери, досегашен неизвршен член на Надзорниот одбор на Халк осигурување АД Скопје е именуван за нов претседател на Надзорниот одбор на осигурителната компанија. Имери во Халк осигурување е од јануари 2019 година, а воедно над 10 години работи и во Халкбанк АД Скопје на различни позиции, меѓу кои и Директор на секторот за управување и планирање на финансии и Директор на секторот за финансиско управување, сметководство и кредитна анализа. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Нови приливи од камати распределени на сметките на членовите во Сава пензиски фонд и Сава пензија плус

Објавено

на

Сите приливи кои се резултат на инвестираните пензиски заштеди акумулирани во пензиските фондови со кои управува Сава пензиско друштво а.д. Скопје им припаѓаат на членовите и на пензионираните членови на фондовите и пропорционално се распределуваат на нивните сметки. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Групацијата Триглав во првото полугодие со раст на премија и пониска добивка

Објавено

на

Групацијата Триглав во првата половина од годината и покрај тешките услови поради пандемијата, работеше профитабилно и сигурно. Достигна премиски раст на повеќето свои пазари, во сите три сегменти на осигурувањето и оствари 7 проценти повисока консолидирана бруто полисирана премија (673,4 милиони евра) споредено со истиот период минатата година. (more…)

Продолжи со читање

Популарно