Connect with us

Домашни банки

Трет семинар „Жени во Бизнис“ во НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

На 01.06.2018 година (петок) со почеток од 10 до 14 часот во НЛБ Галеријата (на ул. Мајка Тереза бр.1, Скопје) се одржа третиот по ред семинар „Жени во Бизнис“ во соработка со Европска банка за обнова и развој (ЕБОР). Овој семинар е дел од програмата „Жени во Бизнис“ финансирана од ЕБОР, Шведска, Луксембург и Специјалниот фонд на акционери на ЕБОР и имплементиран во соработка со НЛБ Банка АД Скопје.

Темата на семинарот беше “ЖЕНИ ЛИДЕРИ”, а на истиот присуствува 40-тина преставнички и лидери на компании, кои имаа можност да добијат корисни совети. Истовремено, овој настан претставуваше исклучителна можност за клиентите да ја прошират нивната мрежа на бизнис контакти, да сретнат други „Жени во Бизнис“ од Македонија, да го споделат нивното знаење и искуство за успешната соработка со НЛБ Банка.

Што претставува кредитната програма за Жени во Бизнис?

Договорот во висина од три милиони евра за поддршка на жените претприемачи во Македонија, помеѓу НЛБ Банка АД Скопје и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) е дел од регионалната иницијатива за Западен Балкан – Жени во Бизнисот.

Оваа сеопфатна програма е креирана за промовирање на претприемништвото кај жените, помагајќи им на малите и средни претпријатија управувани од жени во пристапот до финансии и советодавни услуги, овозможувајќи им да остварат раст во работењето.

За кого е наменета кредитната програма за Жени во Бизнис?

Програмата за „Жени во Бизнис“ е наменета и специјално фокусирана кон мали и средни претпријатија предводени од жени. Овозможува пристап до кредити во износ до 300.000 евра за финансирање на основни средства, но и на средства за тековно работење, по многу поволни услови, со рок на отплата до пет години.

Програмата воедно, нуди не-финансиска поддршка, преку советодавни услуги за изработка на бизнис стратегија, маркетинг, сметководство и информатичка технологија, вклучување во програма за менторство, како и континуирана поддршка на бизнисот, преку локалните советници.

Повеќе информации за кредитната линија можете да добиете во сите 52 експозитури на НЛБ Банка АД Скопје и на веб страната на Банката: www.nlb.mk.

Домашни банки

Експозитурата на Шпаркасе Банка во Неготино е релоцирана во нови простории

Објавено

на

Шпаркасе Банка Македонија со свечен настан за клиентите ја отвори експозитурата во Неготино, на нова атрактивна локација на ул. „Ацо Аџи Илов“ бр.10, во центарот на градот.  (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Халкбанк и Манаки со заедничка желба за зачувување на вистинските културни вредности

Објавено

на

Во насока на поддржување на филмската традиција и промоција на вистинските културни вредности, Халкбанк и Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ го објавија официјалното партнерство за годинешното издание на фестивалот.

Имено, на 39-тото издание на „Браќа Манаки“, Халкбанк за првпат се јавува како ексклузивен „Платинум партнер“, сакајќи да оддаде почит на филмската уметност, на кинематограферите и на сите филмски работници воопшто, а во насока на најновата корпоративна платформа на Банката „Важни се луѓето“, со која на секого му се оддава признание како на важен поединец, градејќи и негувајќи долгорочни односи со своите корисници и со севкупната заедница.

„Како прв и најстар филмски фестивал посветен на креативноста на светските кинематографери, ИФФК ‚Браќа Манаки‛ несомнено е врвен културен настан кој стои рамо до рамо со огромниот број светски филмски фестивали. Ние како компанија отсекогаш сме ја препознавале важноста на филмографијата и, воопшто, на севкупната македонска култура, па оттука нашата поддршка на годинешното издание на фестивалот е искрена и истовремено во согласност со нашата корпоративна платформа, која нѐ позиционира како  ‚банка на сите луѓе‛. Ни претставува огромна чест што заедно со ‚Манаки‛ имаме прилика да ја пренесеме пораката дека вистинските културни вредности се навистина важни и треба долгорочно да се негуваат“, изјави Маја Наумовска од Дирекцијата за односи со јавноста во Халкбанк.

Од ИФФК „Браќа Манаки“, пак, истакнаа дека задоволството е обострано, особено кога се работи со општествено одговорни компании кои искрено го сакаат филмот и даваат несебична поддршка со цел што подолго да го зачуваме најстариот фестивал, кој и како земја нѐ позиционира високо на светската културна мапа.

„Во Халкбанк препознавме вистински достоен партнер кој искрено верува во значењето на филмската уметност и традицијата и автентичноста на ‚Браќа Манаки‛. Сакам да изразам голема благодарност до целиот нивни тим кој посветено нѐ следеше на сите прес-конференции и се надевам дека тие ќе останат со нас подолго време и заедно ќе ја негуваме љубовта кон филмот и ќе придонесеме кон уште поголема промоција на филмската индустрија во Македонија“, изјави Гена Теодосиевска, директор на ИФФК „Браќа Манаки“.

Инаку, 39-тото издание на ИФФК „Браќа Манаки“ се одржува традиционално во Битола, во Центарот за култура, од 22 до 29 септември, а годинешното мото гласи „HATS OFF” или „Симнуваме капа“, во знак на почит кон традицијата на фестивалот, кинематограферите и кон сите филмски работници воопшто, кон градот Битола и кон публиката.

Продолжи со читање

Домашни банки

Девизни плаќања со пониски провизии со ТТК Банка

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје ги намали провизиите за девизни плаќања за физички и правни лица во промотивен период со важност до 31.12.2018 година. Понудата овозможува брза и сигурна реализација на плаќањата во странство или на девизните приливи со најниски провизии и намалување на трошоците во девизниот платен промет.

За девизните плаќања на правни лица – ностро дознаки, без разлика на износот, провизијата изнесува 0,15% односно мин. 500,00 денари. Трошоците – OUR изнесуваат 900,00 денари, додека  SWIFT трошоците 300 денари. За обработка на приливите од странство, лоро дознаки од правно лице, провизијата изнесува 0,08% односно мин. 500,00 денари.

Девизниот прилив за физички лица, доколку е одлежан во Банката 5 дена, се исплатува без провизија. Во спротивно, провизијата за исплата на прилив до 6.000,00 денари (во денарска противвредност) изнесува 100,00 денари, односно за износи над 6.000,00 денари изнесува 0,30% односно минимум 150,00 денари.

За девизните плаќања – ностро дознаки на физички лица до 9.000,00 денари (во денарска противвредност) Банката наплатува вкупно 850,00 денари. За плаќањата на износ над 9.000,00 денари се наплатува провизија од 0,15% односно минимум 350,00 денари. Трошоците –  OUR изнесуваат 900,00 денари, додека  SWIFT трошоците 300,00 денари.

ТТК Банка АД Скопје нуди квалитетна и ефикасна услуга за девизни плаќања и девизни приливи од/во сите земји во светот преку мрежа на коресподентски банки. Услугата е достапна во сите експозитури/филијали на Банката.

Подетални информации можете да добиете во секоја експозитура/филијала на ТТК Банка АД Скопје како и на интернет-страницата на Банката.

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange