Connect with us

Форекс

Трет месец по ред акциите на Комерцијална банка и Гранит се најпривлечни за инвеститорите

Објавено

на

Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.02.-29.02.2020 година вкупниот промет изнесува 795.420.118 денари и е драстично зголемен за 36,69% во однос на претходниот месец јануари.

Класичното тргување изнесува 632.283.863 денари и е зголемено во однос на јануари за 26,81%.

Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 631.185.938 денари и обврзници во вредност од 1.097.925 денари.

Блок трансакциите во февруари изнесувале 70.658.860 денари и бележат пад од 15,17%.

Бројот на трансакции во февруари изнесувал 2.437, односно 625 трансакции повеќе во однос на јануари, со што бележи висок пораст од 34,49%.

Според бројот на трансакции, идентично како и претходните два месеци, најтргувани акции на официјалниот пазар за февруари беа акциите на Комерцијална банка АД Скопје, со вкупно 566 трансакции, пред акциите на Алкалоид АД Скопје со вкупно 478 трансакции. Трети најтргувани акции по бројот на трансакции беа акциите на Макпетрол АД Скопје со 378 трансакции.

Според количината на истргувани акции, најтргувани беа акциите на Гранит АД Скопје со високи 23.981 истргувани акции. На второто место се наоѓаат акциите на Комерцијална банка АД Скопје со 23.681, а акциите на ТТК Банка АД Скопје го заземаа третото место со 16.094 истргувани акции.

Целосниот месечен статистички билтен за февруари 2020 година можете да го погледнете на следниов линк.

Форекс

Еврото ја достигна највисоката вредност од средината на март

Објавено

на

Курсот на еврото во понеделникот на меѓународните пазари накратко достигна највисоко ниво од средината на март, а поризичните валути беа во добивка поради тоа што инвеститорите беа охрабрени од добрата вест од кинеската економија и знаците за олеснување на тензиите помеѓу САД и Кина. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Информацијата дека нема да исплаќа дивиденда, ја „сруши” вредноста на акцијата на Стопанска банка АД Скопје

Објавено

на

Иако, се чинеше дека вирусот Ковид-19 веќе е стабилизиран и дека кризата се надминува, сепак најновите случувања го тврдат токму спротивното. Коронавирусот повторно зема замав, се зголемува бројот на новозаболени со секој изминат ден, неизвесноста е огромна, како за идните случувања поради корона кризата, така и поради неизвесноста околу одржувањето на предвремените парламентарни избори. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Раст на цените на нафтата на светските берзи

Објавено

на

Цените на нафтата на светските берзи минатата недела повторно се зголемија, петта недела пат по ред, бидејќи се очекува натамошен пад на производството, додека побарувачката за нафта треба да се зголеми, бидејќи многу земји ширум светот водат економска активност, со оглед на забавувањето на ширењето на коронавирусот. (more…)

Продолжи со читање

Популарно