Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Домашни банки

Трето издание на „СОНУВАМЕ.МЕНУВАМЕ.“ општествено одговорен проект на Стопанска банка АД – Скопје

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје со задоволство го најавува третото издание на „Сонуваме.Менуваме“, настанот кој ја промовира инклузијата на децата со посебни потреби и ја поттикнува емпатијата кај сите нас.

По две години успешна реализација на настаните, кампањите и донациите кон асоцијациите на деца со посебни потреби, оваа година, како прв настан со кој Банката почнува да ја слави својата 75 годишнина, „Сонуваме.Менуваме“ ќе биде уште поголемо доживување кое ќе се памети.
 
На сцената на МОБ (Македонска Опера и Балет), детските миленици 5+ Фамилија ќе приредат едночасовно шоу во кое вклучени ќе бидат повеќе деца со посебни потреби кои ја збогатуваат програмата и рамноправно со актерската екипа гласно и недвосмислено ја промовираат инклузијата. Со оглед на тоа што клучна публика на концертите ни се децата кои целосно веруваат на ликовите од серијата 5+ Фамилија, се надеваме дека пораката од настанот ќе биде одлично прифатена и ќе создадеме општество какво што сонуваме да имаме. 

Петте концерти “Сонуваме.Менуваме“ ќе се одржуваат во МОБ со овој распоред:

– Сабота 15.12 од 11, 14 и од 17 часот
– Недела 16.12 oд 11 и од 14 часот

Директно вклучени во изведбите ќе бидат и нашите пријатели:
– Танчерите од Dancers United
– Здружението на деца со Церебрална парализа, Велес
– Ема Ананиевска, пијанист
– Децата од Завод за рехабилитација на деца со оштетен слух, вид и говор, Кочо Рацин од Битола
– Александар Матевски – Цако
– Илина Георгиева
– Филип, Стефан, Кристијан, Марија и Мики

Банката информира дека поради хуманитарниот карактер на настанот, билетите ќе бидат пуштени во продажба од 10.12. на билетарницата на МОБ по симболична цена од 100 денари и овие средства ќе го надоградат фондот за донации кој Стопанска банка го обезбеди и оваа година за реализација на грантови за асоцијациите на деца со посебни потреби.

Домашни банки

Измени во органите на управување и раководење на Силк Роуд Банка АД Скопје

Објавено

на

Силк Роуд Банка АД Скопје преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување и раководење на Банката. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка АД-Скопје оствари добивка од 19 милиони евра во првото полугодие од 2019 година

Објавено

на

Во периодот од 01.01.2019 до 30.06.2019 година Стопанска банка АД – Скопје оствари нето добивка пред оданочување во износ од 1.171.487 илјади денари, што претставува намалување за 38,8% споредено со нето добивката остварена во анализираниот период минатата година. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Членот на Надзорниот одбор Горан Антевски купи нови 405 акции од Комерцијална банка АД Скопје

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје ја известува јавноста дека г-н Горан Антевски, независен член на Надзорниот одбор на Банката, се стекна со 405 обични акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange