Connect with us

Домашни банки

Тргување со акции без провизија на „Инвеститорскиот ден“ преку Шпаркасе Банка Македонија

Објавено

на

По повод 25 години од основачкото собрание на Македонска берза АД Скопје, на 18 септември (петок) 2020 година ќе биде одржан првиот „Инвеститорски ден“.

Шпаркасе Банка Македонија, како една од седумте членки на Македонската Берза, се приклучи на иницијативата на овој ден да се овозможи тргување со акции на сите пазарни сегменти без провизија за своите клиенти – индивидуални инвеститори.

На „Инвеститорскиот ден“ сите домашни физички лица кои ќе сакаат да ја искористат можноста да тргуваат со акции на сите пазарни сегменти без провизии кон Берзата, ЦДХВ и овластените пазарни учесници (банки и брокерски куќи), треба да ги имаат во предвид следните услови:

  • Инвеститорите да склучат нормални трансакции со акции преку БЕСТ системот, со посредство на некоја од членките на Берзата;
  • Износот на остварениот дневен промет по индивидуален инвеститор да не изнесува повеќе од 10.000 евра, независно од бројот на берзански трансакции преку кои истиот ќе биде остварен;
  • Трансакциите да бидат склучени преку клиентска, односно сопственичка сметка.

Со поддршка на иницијативата и настанот кој се планира да стане традиција, Шпаркасе Банка Македонија сака да придонесе во промоцијата за уште поактивно учество на домашните индивидуални инвеститори на македонскиот пазар на хартии од вредност и вложување во акции издадени од домашните компании, како и зголемување на знаењето за овие финансиски инструменти и подобрување на инвестициската култура во нашата држава

Домашни банки

Генералниот директор на Стопанска банка а.д. Битола, Владимир Евтимоски го зголеми својот удел во банката

Објавено

на

Преку соопштение објавено на Македонска берза, Стопанска банка а.д. Битола ја известува јавноста дека претседателот на Управниот одбор на банката, г-дин Владимир Ефтимоски се стекна со 77 обични акции издадени од Стопанска банка а.д. Битола. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Измени во Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје

Објавено

на

ТТК Банка преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување односно Надзорниот одбор на Банката. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка а.д. Битола – препознатлива по поддршката на бројни спортски настани

Објавено

на

Стопанска банка а.д. Битола е веќе препознатлива по значајната поддршка која ја дава за развивање и одржување на спортската култура и спорскиот дух во земјава. Покрај тоа што е единствената банка која е спонзор на Wizz Air Скопскиот маратон 2020 и Женската трка, оваа година банката стана дел и од најважниот и најголем спортски настан во градот Битола – трката ТРЧАЈ БЕ. (more…)

Продолжи со читање

Популарно