Форекс
Тргувањето на Московската берза е прекинато, рубљата со остар пад на вредноста

Сите трговски активности на Московската берза се суспендирани бидејќи рубљата и цените на акциите паднаа на долните граници поставени од берзата.
„Трговијата е прекината на сите пазари. Ќе биде дадено известување кога ќе продолжи тргувањето“, соопшти прес-службата на Московската берза, пренесува „Тас”.
Руската рубља денеска падна на рекордно ниско ниво, а еврото падна на повеќегодишното ниско ниво во однос на доларот и швајцарскиот франк по веста дека Русија извршила напад врз Украина.
Рубљата ја намали вредноста за дури 5,77 проценти на 86,1198 за долар. Московската берза ги прекина трговските операции на сите пазари поради падот на националната валута и цените на акциите.
Еврото ослабе за 0,84 проценти на 1,1209 долари, што е негова најниска вредност од 31 јануари. Единствената валута на еврозоната падна во однос на јапонскиот јен за 1,28% на едномесечен минимум од 128,37 јени, а за 0,84 отсто во однос на швајцарскиот франк на 1,0292 франци, што е најниско ниво од мај 2015 година.
Британската фунта се покажа релативно поотпорна, намалувајќи се за 0,41% на 1,3490 долари.
Индексот на американскиот долар, кој ја мери вредноста на доларот во однос на шесте главни конкуренти, порасна за високи 0,60%, на 96,762 поени, првпат од 31 јануари.
Форекс
Кои акции на Македонска берза беа најинтересни за инвеститорите во март?

Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.03.-31.03.2023 година вкупниот промет изнесува 496.838.797 денари и бележи енормен пораст од 124,40% во однос на претходниот месец февруари. (more…)
Форекс
Руската рубља ја губи вредноста – падна на 11-месечен минимум во однос на доларот

Руската рубља падна на најниско ниво во последните 11 месеци во однос на американскиот долар и еврото. (more…)
Форекс
Проширување на котација на државни обврзници во вредност од 2,1 милијарди денари

Македонска берза АД Скопје ја известува јавноста дека согласно Барањето бр.15-2790/1 од 29.03.2023 година и Барањето бр.15-2160/1 од 08.03.2023 година од страна на Министерството за финансии на Република Северна Македонија за котација на државни обврзници, почнувајќи од денес (04.04.2023 година) на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација ќе бидат примени на котација државните обврзници со следните карактеристики: (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Платежни картичкипред 1 month
VISA TRAVEL – нова кредитна платежна картичка на Халкбанк АД Скопје