Connect with us

Останато

Трамп: Ако ФЕД ги намали каматните стапки, економијата ќе полета како ракета

Објавено

на

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека економијата на САД ќе пoлета како ракета, ако одборот на американските федерални резерви (FED) ги намали каматните стапки.

Коментирајќи го поволниот извештај за вработување за март, Трамп изјави дека покажал дека економијата функционира добро, но дека нејзиниот побрз раст “навистина го успоруваат” активностите на ФЕД, пренесува CNBC.

“Мислам дека ФЕД треба да ги намали каматните стапки и да се откаже од политиката на квантитативното олеснување”, изјави Трамп говорејќи за политиката на ФЕД за продажба на хартии од вредност со цел да се стабилизира нејзиниот биланс на состојба, стимул кој беше ставен во употреба за време на финансиската криза. “Ќе видите ракета во вистинска смисла на зборот и покрај тоа што и во моментов економијата е во одлична состојба”, додаде Трамп.

Економските советници на Белата куќа, исто како и Трамп, побараа од ФЕД да ги намали каматните стапки за дури 50 базични поени.

На последната седница во март, ФЕД одлучи да ги задржи каматните стапки на сегашното ниво и да се воздржи од понатамошно зголемување на каматните стапки оваа година.

Трамп и претходно беше многу критичен за политиката на претседателот на ФЕД, Џером Пауел, изјавувајќи дека ФЕД се луди со зголемувањето на каматните стапки.

Останато

Бизнисот со топлинска енергија оди во домашни раце – Адора инженеринг на јавна лицитација за 9,3 милиони евра го купи имотот на Топлификација АД во стечај

Објавено

на

Адора инженеринг по пат на јавна лицитација, за 9,3 милиони евра, ги купи Топланите Исток и Запад и најголемиот дел од останатиот имот на Топлификација АД, која е во стечај. Со оваа купопродажба успешно се завршува стечајната постапка на ова претпријатие и се отвара ново светло, поглавје во регулираниот бизнис со производство на топлинска енергија, кој што е од државно значење, односно директно влијае врз екологијата и целокупниот комфор на живеење на граѓаните во главниот град Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Извршниот директор на Тиго Фајнанс, Филип Димитровски, прогласен за еден 40 највлијателни и најуспешни бизнис лидери под 40 години во Југоисточна Европа

Објавено

на

Престижната меѓународна агенција „Business Elite Awards“, на специјална гала свеченост организирана во Истанбул, Турција, му го додели значајното „40 Under 40“ признание за бизнис лидер под 40 години на Филип Димитровски, извршен директор на финансиското друштво Тиго Фајнанс. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Во соработка со ИНФЕ-ОЕЦД и Министерството за финансии на Холандија се засилуваат активностите за спроведување на националната Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија

Објавено

на

Спроведувањето на првата национална Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија засилено напредува. Оттука, вчера и денес, финансиските регулатори од земјава предводени од Народната банка во рамките на Координациското тело за финансиска едукација и финансиска инклузија, заедно со Меѓународната мрежа за финансиска едукација при Организацијата за економска соработка и развој (ИНФЕ-ОЕЦД) во соработка со Министерството за финансии на Холандија, организираат работилница, во рамките на програмата на Конституенцата и програмата „Манивајс“ (Money Wise). (more…)

Продолжи со читање



Популарно