Connect with us

Анализи

Топ 5 работни места во Македонија

Објавено

на

Државниот завод за статистика ги објави податоците за најдобро платените професии и работни места во Македонија. Од податоците може да се види дека платите општо во Македонија се покачиле за 5.6% во последните година дена. Но, зголемувањето на платите нормално е проследено со пораст на цените.Индексот на трошоците на животот во мај 2018 година, во споредба со мај 2017 година, забележа пораст од 1.7 %, а индексот на цените на мало забележа пораст за 3.1 %.

Највисоки месечни примања имаат вработените во секторот за компјутерско програмирање со плата која изнесува 60 656 денари, односно конечно имаме сектор во кој платата се приближува до поевропски стандард од 1 000 евра.

Вработените во секторот воздухопловен транспорт имаат плата од 52 058 денари,  а од секторот за производство на основни фармацевтски препарати со плата од 43 368 денари. Четврти на листата се вработените во секторот на телекомуникации со плата од 42 313 денари и на крајот се наоѓаат финансиско-услужните дејности со плати од 41 367 денари.

Анализи

Во која банка е најисплатливо да имате трансакциска сметка!?

Објавено

на

Во текот на денешниот ден ги анализираме провизиите и надоместоците што ги наплатуваат домашните банки за месечно одржување на трансакциска сметка за физички лица. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Значително намалена побарувачката за кредити кај граѓаните, но и кај фирмите во вториот квартал

Објавено

на

Во второто тримесечје на 2020 година, во екот на пандемијата со коронавирусот во земјава, банките укажуваат на значително нето-намалување на побарувачката на вкупните кредити на секторот „домаќинства“, наспроти малото нето-зголемување во претходната анкета, покажува најновата анкета на Народната банка за кредитната активност за вториот квартал односно за периодот од април-јуни 2020 година. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Финансиските друштва се извор на приливи за граѓаните кога им се неопходни итни финансиски средства

Објавено

на

Кај голем дел од популацијата мислењето за финансиските друштва е негативно. Независно дали е тоа од сопствено искуство или е наметнато мислење коешто е општоприфатено кај повеќето граѓани. (more…)

Продолжи со читање

Популарно