Connect with us

Електронско банкарство

Топ 5 предности на бесконтактното плаќање

Објавено

на

Во услови на пандемија и во време на мерки и препораки за одржување дистанца и избегнување директен контакт, бесконтактните картички се покажаа како вистинска благодет. Иако кај одредена група граѓани постоеше доза на недоверба во ваквите картички, избегнувањето на допир при плаќањата со нив, како и брзината на вршење на трансакциите, обезбеди вистински подем на ваквиот тип плаќања. Во склоп на овие предности, во продолжение ви пренесуваме неколку причини за користење на бесконтактните картички на Halkbank, кои гарантираме дека ќе ви го олеснат секојдневието.

Првата и најважна предност на бесконтактното плаќање е заштедата на време. Во денешното, модерно општество, бесконтактното плаќање е двојно побрзо од плаќањето со обична платежна картичка бидејќи не е потребно вметнување на картичката во ПОС терминалот и внесување на пин за трансакции до висина на лимитот одреден од Банката или до лимитот за бесконтактно плаќање поставен на терминалот кој прифаќа бесконтактни картички, а во споредба со плаќањето во кеш е дури трипати побрзо.

Во врска со безбедноста на плаќањето, картичките издадени од Халкбанк А.Д. Скопје ги поседуват највисоките стандарди за безбедност во интернет плаќање (3D Secure – Verified by Visa – VbV и MC Secure Code). Исто така, овие картички имаат поставени ограничувања на одредени помали суми при трансакции кои ве заштитуваат од поголеми, неовластени купувања и дополнително за секоја ваша трансакција може да добивате смс известување на вашиот мобилен телефон.

Она што можеби е и најголема предност на ваквото бесконтактно плаќање е можноста за вршење трансакции и преку други уреди, како мобилен телефон и паметен часовник – Garmin. Со дигитализација на картичката, вашето плаќање можете да го извршите и преку вашиот Garmin часовник или вашиот мобилен телефон со Android оперативен систем, користејќи ја HalkPay апликацијата, доколку на пример, ви се случи да го заборавите вашиот паричник или едноставно доколку не сакате да ги носите сите платежни картички со вас.

Целокупното искуство на корисникот е уште една предност на бесконтактното плаќање. Зошто? Затоа што ваквото плаќање обезбедува непречено, брзо и лесно плаќање што како краен резултат носи бенефиции и предности за клиентите, кое пак придонесува за задоволни и лојални клиенти.

Дополнително, кредитните картички на Halkbank покрај бесконтактно и брзо плаќање овозможуваат и разновидни програми за лојалност за корисниците, како плаќање на рати кај одредени трговци, или собирање бонус поени и нивно искористување при идни плаќања во мрежата на пос терминали на Банката. Од попусти, па сè до поени и награди, корисниците на бесконтактните картички со сигурност се во добивка!

Електронско банкарство

AETM лансира “Алијанса за родова еднаквост на работното место”

Објавено

на

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија официјално ја презентираше Алијансата за родова еднаквост на работното место (анг. Gender Equality Alliance – GEA), иницијатива која ќе се стреми да придонесе за еднакви можности, еднаква застапеност и еднакво вреднување на трудот. ГЕА ќе биде насочена кон создавање инклузивна култура каде што и жените и мажите се вреднуваат за нивниот уникатен придонес во работната средина, што ќе создаде нови начини, синергии и платформи за решавање на критичните прашања кои влијаат на развојот на жените на работното место. (more…)

Продолжи со читање

Електронско банкарство

Вредноста на онлајн трансакциите во 2021 изнесува 437 милиони евра, годишен раст од 59%

Објавено

на

Од започнувањето на пандeмијата, е-трговијата на глобално ниво забележа значително забрзан раст. Исклучок од ова не беше ниту Северна Македонија каде забележителен е значителен раст во бројот и вредноста на реализирани онлајн трансакции и тоа најмногу во трансакциите реализирани со домашни картички кон домашни е-трговци. (more…)

Продолжи со читање

Електронско банкарство

АЕТМ: Продолжува растот на онлајн купување од домашните е-трговци – 83,4% раст во првите 9 месеци од 2021 година

Објавено

на

  • Во првите 9 месеци од 2021 се реализирале онлајн трансакции вредни 273,2 милиони евра, односно трендот на раст продолжува со 67,9% споредено со истиот период претходната година
  • Со македонски картички кон македонски е-трговци се реализирале 203,1 милиони евра или раст од 84,4%
  • Кон домашните е-трговци се слеале 215,2 милиони евра од кои 94% од домашни купувачи 

Согласно најновите објавени податоци за безготовински платежни трансакции на виртуелните места на продажба за период од 9 (девет) месеци заклучно до 30.09.2021 година од страна на Народната банка, продолжува трендот на пораст како на вредноста така и на бројот на трансакциите.  (more…)

Продолжи со читање


Популарно