Анализи
Топ 5 плати во Македонија: Банкарите помалку платени од ИТ индустријата и фармацевтите


Државниот завод за статистика објави дека просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јули 2020 година изнесува 27 231 денари, а на прво место гледано по дејности останува секторот компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности со просек од 68.557 денари.
На второто место е дејноста која не само што не беше погодена од кроона-кризата, туку и доби од истата, а тоа е секторот за производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати со просечна плата од 46.524 денари. Во првите пет најголеми плати се уште и финансиско-услужни дејности, односно банкарскиот сектор со 43.386, телекомуникации (41.477 денари) и осигурување, реосигурување и пензиски фондови (40.045 денари). За одбележување е тоа што фармацијата повторно е на второ место иако со намален просек, откако кај банкарскиот сектор во јуни за еден месец се зголемија за 20 отсто.
Во однос на јули 2019 година, зголемувањето на платите е за 8,5%. Во овој период најмногу се зголемила кај образованието (12,7%), информации и комуникации (12,4%) и дејности на здравствена и социјална заштита (12,3%).
Во однос на претходниот месец е зголемена за 1,4%, а за овој период најмногиу забележано е во објекти за сместување и сервисни дејности со храна (9,1%), уметност, забава и рекреација (7,1%) и трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (6,6%).
Во однос на почетокот на годината, односно на 1 јануари 2020, е зголемена за 8%.
Анализи
Запознајте ја банкарската фела во Македонија (прв дел)


Со цел подобро запознавање со водечките банкари во државата, Банкарство.мк спроведе истражување на тема „Банкарската фела во Македонија”. (more…)
Анализи
Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?


Со цел утврдување на статусот на жената во општеството, Банкарство спроведе истражување на тема ,,Жените во Управните одбори на банките во Република Северна Македонија”. Истражувањето ја опфаќа процентуалната застапеност на жените во Управните одбори на банките во Македонија, па за таа цел беа анализирани сите банки. (more…)
- Домашни банкипред 3 weeks
ГО “БУТНАА” ИНТЕРНЕТОТ: Вработените на УНИБанка танцуваат на „Jerusalema“ пред експозитура Плоштад
- Останатопред 2 months
Колку изнесува К15 за оваа 2020 година?
- Business Manпред 1 month
Божидар Јанковски стана сопственик на Динерс Клуб Интернационал МАК ДООЕЛ
- Анализипред 2 months
Која македонска банка планира да го нападне тронот во банкарскиот сектор!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Business Manпред 2 months
Владо Цекиќ избран за Млад менаџер во Македонија за 2020 година
- Анализипред 2 months
Во Македонија има 1.301 премиум пензионери!