Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Останато

Топ 5 книги за 2018 година препорачани од Бил Гејтс

Објавено

на

Како што се приближува крајот на 2018 година, Бил Гејтс излезе со листа на 5те најдобри книги што ги прочитал оваа година.

Гејтс, кој се отпиша од Харвард да го започне Мајкрософт во 1975 година и сега е најголемиот филантроп во светот и втор најбогат човек во светот, тој исто така, е и страстен читател. Секоја година, наоѓа време да чита околу 50 книги. Тој редовно дава предлози и дава осврти за неговите омилени книги пред летните одмори и новогодишните празници, кога знае дека многу луѓе имаат повеќе слободно време и можат да читаат. Оваа година, дури и подари бесплатен примерок од еден од неговите врвни книги на еден дипломец кој му ги побарал книгите.

“Мислам дека секој може да прочита уште неколку книги во својот живот”, напиша тој на неговата веб-страница, “Gates Notes”, во понеделникот. Неговите препораки од 2018 година вклучуваат книга за медитација, како и за модерната војна. “Мојата листа е прилично еклектична оваа година” – допиша тој.

Топ 5 книги кои според Бил Гејтс треба да ги прочитате и ја одбележале 2018 година се:

  • Educated, од Tara Westover
  • Army of None, од Paul Scharre
  • Bad Blood, од John Carreyrou
  • 21 Lessons for the 21st Century, од Yuval Noah Harari и
  • The Headspace Guide to Meditation and Mindfulness од Andy Puddicombe

 

Останато

Златниот град на УНЕСКО со акција за отстранување на банкомати

Објавено

на

Во стариот дел на Дубровник откако поминал рокот по управна постапка за отстранување на поставените банкомати во отворите на зградите кој траел 30 дена, Комуналното претпријатие овој месец издало решенија за парични казни за седум објекти во износ од 10.000 куни. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Нина Ангеловска: “Добив шанса да бидам предводник на промени со кои ќе ги задржиме младите во државата!”

Објавено

на

Премиерот Зоран Заев по денешната седница на Централниот одбор на партијата најави дека во текот на утрешниот ден ќе достави предлог до Собранието за нов министер за финансии да биде назначена Д-р Нина Ангеловска, која е директорка на компанијата „Групер“ и претседател на “Асоцијација за е-трговија на Македонија“. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Биткоинот ја губи вредноста поради слабата ликвидност

Објавено

на

Биткоинот ја намали својата вредност за 8%, спуштајќи се на петдневен минимум, а трговците и аналитичарите го препишуваат овој губиток на вредноста на техничко тргување во услови на слаба ликвидност.   (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange