Форекс
Топ 5 акции со најголем пораст на вредноста во месец јануари



Македонската берза го објави месечниот статистички билтен за месец јануари 2021 година.
Вкупниот промет е зголемен во однос на претходниот месец за минимални 3,46 проценти, но иако растот беше минимален имаше компании кои забележаа пораст на вредноста на своите акции.
Компанија која забележа највисок пораст на вредноста на своите акции е ВВ Тиквеш Кавадарци. Просечната цена на акциите на оваа компанија во месец јануари изнесувала 5.000,00 денари, додека во декември просечната цена изнесувала 4.501,00 денари, што значи бележи пораст на вредноста за 11,09%.
На второто место се најдоа акциите на Макошпед Скопје кои ја зголемија вредноста за 9,95 проценти односно достигнаа просечна цена од 210,00 денари. На трето место по пораст на вредноста на акциите се најде Македонијатурист АД Скопје, чиишто акции ја зголемија вредноста за 7,99 проценти односно достигнаа просечна цена од 4.500,00 денари.
Пораст забележаа и акциите на Гранит АД Скопје и Комерцијална банка АД Скопје кои ја зголемија вредноста на своите акции за 7,98 проценти односно 6,82%, соодветно.
Целосниот месечен статистички билтен за јануари 2021 година можете да го погледнете на следниов линк.
Форекс
Топ 5 акции со најголем пораст на вредноста во месец февруари



Македонската берза го објави месечниот статистички билтен за месец февруари 2021 година. (more…)
Форекс
Кои акции на Македонска берза беа најинтересни за инвеститорите во февруари?


Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.02.-28.02.2021 година вкупниот промет изнесува 1.390.563.281 денари и е зголемен за енормни 170,48% во однос на претходниот месец јануари. (more…)
Форекс
Македонската берза и Загребската берза потпишаа Договор за соработка во областа на едукацијата


Македонската берза и Загребската берза потпишаа Договор за соработка, којшто има за цел да го подобри професионалното знаење и развој на директните и индиректни учесници на македонскиот пазар на капитал преку семинари организирани во рамки на Академијата на Загребската берза. (more…)
- Анализипред 2 months
Запознајте ја банкарската фела во Македонија (прв дел)
- Анализипред 1 month
Запознајте ја банкарската фела во Македонија (втор дел)
- Банкипред 2 weeks
Огласи за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија
- Анализипред 3 hours
8 МАРТ АНАЛИЗА: Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Капитал Банка АД Скопје