Форекс
Топ 5 акции со најголем пораст на вредноста во месец декември


Македонската берза го објави месечниот статистички билтен за месец декември 2020 година.
Вкупниот промет е зголемен во однос на претходниот месец за високи 58,65 проценти, па токму поради тоа имаше компании кои забележаа висок пораст на вредноста на своите акции.
Компанија која забележа највисок пораст на вредноста на своите акции е БИМ Свети Николе. Просечната цена на акциите на оваа компанија во месец декември изнесувала 12.300,00 денари, додека во ноември просечната цена изнесувала 10.100,00 денари, што значи бележи пораст на вредноста за 21,78%.
На второто место се најдоа акциите на ДС Смитх АД Скопје кои ја зголемија вредноста за 20,30 проценти односно достигнаа просечна цена од 480,00 денари. На трето место по пораст на вредноста на акциите се најде ЗК Пелагонија Битола, чиишто акции ја зголемија вредноста за 13,22 проценти односно достигнаа просечна цена од 3.000,24 денари.
Пораст забележаа и акциите на Македонијатурист АД Скопје и Европа АД Скопје кои ја зголемија вредноста на своите акции за 12,62 проценти односно 10,03%, соодветно.
Целосниот месечен статистички билтен за декември 2020 година можете да го погледнете на следниов линк.
Форекс
Македонската берза догорочно ги суспендира од котација акциите на издавачот Идевелоп АД Скопје


Согласно Одлуката на Одборот на директори на Македонска берза АД Скопје на друштвото Идевелоп АД Скопје, котирано на Официјалниот пазар на Берзата на подсегментот Задолжителна котација, му е изречена мерка долгорочната суспензија од котација, поради континуирано неисполнување на обврските согласно Правилата за котација. Мерката долгорочна суспензија од котација се изрекува за период од најмалку 30 дена почнувајќи од 26.01.2021 година и трае до отстранување на причините поради кои е изречена оваа мерка. (more…)
Форекс
Wall Street одговори со рекорд на инаугурацијата на Бајден!


Акциите на најпознатата светска берза во Њујорк (Wall Street) се на рекордно ниво поради охрабрувачките извештаи за приходите на акционерите и поради оптимизмот дека новото раководство во Вашингтон ќе значи поголема поддршка за економијата, која е во голема тешкотија поради пандемијата на Ковид-19. (more…)
Форекс
Руската рубља е најпотценета валута во светот!?


Британскиот неделник „The Economist“ ја прогласи руската рубља за најпотценета валута во светот. (more…)
- Домашни банкипред 3 weeks
ГО “БУТНАА” ИНТЕРНЕТОТ: Вработените на УНИБанка танцуваат на „Jerusalema“ пред експозитура Плоштад
- Останатопред 2 months
Колку изнесува К15 за оваа 2020 година?
- Business Manпред 2 months
Божидар Јанковски стана сопственик на Динерс Клуб Интернационал МАК ДООЕЛ
- Анализипред 2 months
Која македонска банка планира да го нападне тронот во банкарскиот сектор!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Business Manпред 2 months
Владо Цекиќ избран за Млад менаџер во Македонија за 2020 година
- Анализипред 2 months
Во Македонија има 1.301 премиум пензионери!