Connect with us

Форекс

Топ 5 акции со најголем пораст на вредноста во месец октомври

Објавено

на

Македонската берза го објави месечниот статистички билтен за месец октомври 2020 година.

Вкупниот промет е зголемен во однос на претходниот месец за 4,61 проценти, па токму поради тоа имаше компании кои забележаа висок пораст на вредноста на своите акции.

Компанија која забележа највисок пораст на вредноста на своите акции е Лотарија на Македонија Скопје. Просечната цена на акциите на оваа компанија во месец октомври изнесувала 135,00 денари, додека во септември просечната цена изнесувала 106,00 денари, што значи бележи пораст на вредноста за 27,36%.

На второто место се најдоа акциите на НЛБ Банка АД Скопје кои ја зголемија вредноста за 5,96 проценти односно достигнаа просечна цена од 18.630,76 денари. На трето место по пораст на вредноста на акциите се најде РЖ Економика Скопје, чиишто акции ја зголемија вредноста за 2,94 проценти односно достигнаа просечна цена од 70,00 денари.

Пораст забележаа и акциите на Бетон АД Скопје и Цементарница УСЈЕ АД Скопје кои ја зголемија вредноста на своите акции за 2,39 проценти односно 1,60%, соодветно.

Целосниот месечен статистички билтен за октомври 2020 година можете да го погледнете на следниов линк.

Форекс

Кои акции на Македонска берза беа најинтересни за инвеститорите во март?

Објавено

на

Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.03.-31.03.2023 година вкупниот промет изнесува 496.838.797 денари и бележи енормен пораст од 124,40% во однос на претходниот месец февруари. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Руската рубља ја губи вредноста – падна на 11-месечен минимум во однос на доларот

Објавено

на

Руската рубља падна на најниско ниво во последните 11 месеци во однос на американскиот долар и еврото. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Проширување на котација на државни обврзници во вредност од 2,1 милијарди денари

Објавено

на

Македонска берза АД Скопје ја известува јавноста дека согласно Барањето бр.15-2790/1 од 29.03.2023 година и Барањето бр.15-2160/1 од 08.03.2023 година од страна на Министерството за финансии на Република Северна Македонија за котација на државни обврзници, почнувајќи од денес (04.04.2023 година) на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација ќе бидат примени на котација државните обврзници со следните карактеристики: (more…)

Продолжи со читање

Популарно