Connect with us

Форекс

Топ 5 акции со најголем пораст на вредноста во месец септември

Објавено

на

Македонската берза го објави месечниот статистички билтен за месец септември 2020 година.

Вкупниот промет е солидно зголемен во однос на претходниот месец за 25,08 проценти, па токму поради тоа имаше компании кои забележаа висок пораст на вредноста на своите акции.

Компанија која забележа највисок пораст на вредноста на своите акции е Сковин Скопје. Просечната цена на акциите на оваа компанија во месец септември изнесувала 50,00 денари, додека во август просечната цена изнесувала 20,00 денари, што значи бележи пораст на вредноста за неверојатни 150,00%.

На второто место се најдоа акциите на Тетекс АД Тетово кои ја зголемија вредноста за 21,90 проценти односно достигнаа просечна цена од 2.004,00 денари. На трето место по пораст на вредноста на акциите се најде Стопанска банка а.д. Битола, чиишто акции ја зголемија вредноста за 14,54 проценти односно достигнаа просечна цена од 2.922,00 денари.

Пораст забележаа и акциите на ОКТА Скопје и Макпетрол АД Скопје кои ја зголемија вредноста на своите акции за 13,94 проценти односно 11,94%, соодветно.

Целосниот месечен статистички билтен за септември 2020 година можете да го погледнете на следниов линк.

Форекс

Македонија и Србија имаат најголеми резерви на злато на Балканот

Објавено

на

Податоците на Светскиот совет за злато (World Gold Council), најточната база на информации за резервите по држави, за вториот квартал од оваа година покажуваат дека по Србија, Република Северна Македонија има најголеми резерви на злато на Балканот односно поседува 6,89 тони. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Германската берза „Deutsche Boerse” предложи зголемување на DAX индексот на 40 компании

Објавено

на

Германската берза „Deutsche Boerse” предложи зголемување на бројот на компании кои котираат во „DAX” индексот. Берзата предложи зголемување од досегаѓните 30 на 40 компании, истовремено предложувајќи заострување на условите за котација. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Кои акции на Македонска берза беа најинтересни за инвеститорите во септември?

Објавено

на

Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.09.-30.09.2020 година вкупниот промет изнесува 408.423.818 денари и е зголемен за 25,08% во однос на претходниот месец август. Влијание врз растот на тргувањето има „Инвеститорскиот ден” кој беше одржан на 18-ти септември. (more…)

Продолжи со читање

Популарно