Connect with us

Форекс

Топ 5 акции со најголем пораст на вредноста во месец август

Објавено

на

Македонската берза го објави месечниот статистички билтен за месец август 2020 година.

Иако, вкупниот промет е намален во однос на претходниот месец за 14,67 проценти, имаше компании кои забележаа висок пораст на вредноста на своите акции.

Компанија која забележа највисок пораст на вредноста на своите акции е Сковин Скопје. Просечната цена на акциите на оваа компанија во месец август изнесувала 20,00 денари, додека во јули просечната цена изнесувала 5,00 денари, што значи бележи пораст на вредноста за неверојатни 300,00%.

На второто место се најдоа акциите на Арцелормиттал Скопје кои ја зголемија вредноста за 25,00 проценти односно достигнаа просечна цена од 15,00 денари. На трето место по пораст на вредноста на акциите се најде РЖ Услуги Скопје, чиишто акции ја зголемија вредноста за 9,22 проценти односно достигнаа просечна цена од 55,70 денари.

Пораст забележаа и акциите на ЗК Пелагонија Битола и Тетекс АД Тетово кои ја зголемија вредноста на своите акции за 5,73 проценти односно 4,98%, соодветно.

Целосниот месечен статистички билтен за август 2020 година можете да го погледнете на следниов линк.

Форекс

Руската рубља е најпотценета валута во светот!?

Објавено

на

Британскиот неделник „The Economist“ ја прогласи руската рубља за најпотценета валута во светот. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Доларот повторно паѓа, цената на нафтата расте

Објавено

на

На девизните пазари, вредноста на доларот во однос на кошницата со валути нагло oпадна. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Цените на нафтата во пораст од 8 проценти

Објавено

на

На светските пазари, цените на нафтата пораснаа за 8 проценти за само една недела. (more…)

Продолжи со читање

Популарно