Форекс
Топ 5 акции со најголем пораст на вредноста во месец јули

Македонската берза го објави месечниот статистички билтен за месец јули 2020 година.
Иако, вкупниот промет е намален во однос на претходниот месец за 14,16 проценти, имаше компании кои забележаа висок пораст на вредноста на своите акции.
Компанија која забележа највисок пораст на вредноста на своите акции е Огражден Струмица. Просечната цена на акциите на оваа компанија во месец јули изнесувала 1.860,00 денари, додека во јуни просечната цена изнесувала 1.250,00 денари, што значи бележи пораст на вредноста за 48,80%.
На второто место се најдоа акциите на РЖ Уготур Скопје кои ја зголемија вредноста за 16,67 проценти односно достигнаа просечна цена од 28,00 денари. На трето место по пораст на вредноста на акциите се најде УНИБанка АД Скопје, чиишто акции ја зголемија вредноста за 16,46 проценти односно достигнаа просечна цена од 2.399,00 денари.
Пораст забележаа и акциите на ТТК Банка АД Скопје и Пекабеско Скопје кои ја зголемија вредноста на своите акции за 11,11 проценти односно 9,98%, соодветно.
Целосниот месечен статистички билтен за јули 2020 година можете да го погледнете на следниов линк.
Форекс
Македонска берза стана полноправна членка на Федерацијата на Евроазиски берзи (FEAS)

На седницата на Одборот на Федерацијата на Евроазиски берзи, одржана на 28.10.2022 година, одобрен е приемот на Македонска берза АД Скопје како полноправна членка на Федерацијата. (more…)
Форекс
Доларот се повеќе ја зголемува својата вредност – Колку чини во моментов?

Во центарот на светските случувања е растот на американскиот долар и глобалните каматни стапки. (more…)
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Депозитипред 4 weeks
Халкбанк АД Скопје ги зголеми каматните стапки за физички лица на сите депозитни производи
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Интервјуапред 1 week
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Домашни банкипред 3 weeks
Комерцијална банка воведе услуга за електронска идентификација на клиенти без посета на шалтер
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје