Connect with us

Форекс

Топ 5 акции со најголем пораст на вредноста во месец мај

Објавено

на

Македонската берза го објави месечниот статистички билтен за месец мај 2021 година.

Вкупниот промет е намален во однос на претходниот месец за 31,12 проценти, но тоа не ги спречи дел од компаниите кои котираат на берзата да забележат висок пораст на вредноста на своите акции.

Компанија која забележа највисок пораст на вредноста на своите акции е Тутунски комбинат АД Прилеп. Просечната цена на акциите на оваа компанија во месец мај изнесувала 250,00 денари, додека во април просечната цена изнесувала 155,00 денари, што значи бележи пораст на вредноста за високи 61,29%.

На второто место се најдоа акциите на Макстил АД Скопје кои ја зголемија вредноста за 36,23 проценти односно достигнаа просечна цена од 96,72 денари. На трето место по пораст на вредноста на акциите се најде РЖ Услуги Скопје, чиишто акции ја зголемија вредноста за 13,46 проценти односно достигнаа просечна цена од 59,00 денари.

Пораст забележаа и акциите на Гранит АД Скопје и ОКТА АД Скопје кои ја зголемија вредноста на своите акции за 12,43 проценти односно 9,32%, соодветно.

Целосниот месечен статистички билтен за мај 2021 година можете да го погледнете на следниов линк.

Форекс

На „Инвеститорскиот ден“ најмногу склучени трансакции на Берзата во 2021 година

Објавено

на

Втора година по ред на Македонска берза успешно се одржа „Инвеститорски ден“ на којшто сите домашни физички лица имаа можност да тргуваат со акции на сите пазарни сегменти без да ги платат провизиите кон Берзата, Централниот депозитар на хартии од вредност и овластените пазарни учесници (банки и брокерски куќи), во износ на остварен промет до 10.000 евра. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

АКЦИИТЕ НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА ПОТОНАА откако измина последниот ден со право на дивиденда!

Објавено

на

Акциите на Комерцијална банка АД Скопје со месеци наназад важат за убедливо најатрактивните и најтргуваните акции на Македонска берза. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Кои банкарски акции забележаа висок пораст на вредноста во месец јули?

Објавено

на

Македонската берза го објави месечниот статистички билтен за месец јули 2021 година. (more…)

Продолжи со читање



Популарно