Connect with us

Форекс

Топ 5 акции со најголем пораст на вредноста во месец април

Објавено

на

Македонската берза го објави месечниот статистички билтен за месец април 2021 година.

Вкупниот промет е намален во однос на претходниот месец за 9,37 проценти, но тоа не ги спречи дел од компаниите кои котираат на берзата да забележат висок пораст на вредноста на своите акции.

Компанија која забележа највисок пораст на вредноста на своите акции е Макстил АД Скопје. Просечната цена на акциите на оваа компанија во месец април изнесувала 71,00 денари, додека во март просечната цена изнесувала 62,00 денари, што значи бележи пораст на вредноста за 14,52%.

На второто место се најдоа акциите на Реплек АД Скопје кои ја зголемија вредноста за 13,95 проценти односно достигнаа просечна цена од неверојатни 113.839,00 денари. На трето место по пораст на вредноста на акциите се најде НЛБ Банка АД Скопје, чиишто акции ја зголемија вредноста за 8,51 проценти односно достигнаа просечна цена од 20.125,12 денари.

Пораст забележаа и акциите на ТТК Банка АД Скопје и Аутомакедонија АД Скопје кои ја зголемија вредноста на своите акции за 7,14 проценти односно 5,98%, соодветно.

Целосниот месечен статистички билтен за април 2021 година можете да го погледнете на следниов линк.

Форекс

Македонска берза стана полноправна членка на Федерацијата на Евроазиски берзи (FEAS)

Објавено

на

На седницата на Одборот на Федерацијата на Евроазиски берзи, одржана на 28.10.2022 година, одобрен е приемот на Македонска берза АД Скопје како полноправна членка на Федерацијата. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Доларот се повеќе ја зголемува својата вредност – Колку чини во моментов?

Објавено

на

Во центарот на светските случувања е растот на американскиот долар и глобалните каматни стапки. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Доларот со секој нов ден ја зголемува својата вредност!

Објавено

на

На девизниот пазар вредноста на доларот во однос на кошницата валути се движи блиску до највисоките нивоа во последните 20 години. (more…)

Продолжи со читање

Популарно